Бактерии и вируси што навистина можете да ги „закачите“ од тоалетите

Бактерии и вируси што навистина можете да ги „закачите“ од тоалетите

Без разлика како се заштитувате, не сте единствените кои ги избегнуваат јавните тоалети. Но дали претеруваме или навистина постои опасност од некоја болест ако редовно ги користиме? Во просек има околу 50 бактерии на 6 сантиметри квадратни на секоја тоалетна школка. Иако звучи одвратно, во вашиот дом има и повалкани работи, како на пример, сунѓерот за миење садови. Сепак, постојат некои болести и бактерии кои, иако ретко, сепак можете да ги добиете и од некој јавен тоалет.

1. Ешерихија коли

(1)5-bakterii-koi-navistina-mozhete-da-gi-zakachite-od-toaletite-kafepauza.mk

Оваа бактерија се наоѓа во нашите црева, но ако случајно ја внесете во организмот преку вода или храна, можете да добиете дијареја, болки во стомакот и повраќање. Од друга страна пак, стомачните вируси предизвикуваат слични проблеми како Ешерихија коли и лесно се пренесуваат од човек на човек. Тие можат да преживеат на многу површини како тоалетната школка, дури и до 2 недели.

2. Шигела

(2)5-bakterii-koi-navistina-mozhete-da-gi-zakachite-od-toaletite-kafepauza.mk

Оваа бактерија се пренесува многу лесно, особено ако не ги измиете рацете. Таа може да предизвика инфекции, дијареја, болки во стомакот и други проблеми со дигестивниот систем кои траат околу една недела. Оваа инфекција се пренесува од инфицираниот измет на некоја личност кој се наоѓа на некоја површина, а во овие површини спаѓаат и тоалетите. За да се заштитите, чистете го вашиот тоалет со избелувач. Или ако сте во јавен тоалет, избришете ја школката со антибактериско марамче пред да седнете на неа.

3. Стрептококи

(3)5-bakterii-koi-navistina-mozhete-da-gi-zakachite-od-toaletite-kafepauza.mk

Ова е честа бактерија која обично се наоѓа во грлото и ако некогаш сте имале проблеми со болно грло или бронхитис, тогаш имате искуство со неа. Таа исто така може да предизвика заразни инфекции на кожата, а лошата вест е што речиси 39% од тоалетните школки ја на себе. Но, само околу 1% од луѓето ја имаат бактеријата на нивната кожа или во грлото, па имате поголеми шанси да ве удри гром отколку да се заразите од неа на овој начин.

4. Стафилококи

(4)5-bakterii-koi-navistina-mozhete-da-gi-zakachite-od-toaletite-kafepauza.mk

Оваа бактерија може да живее на површини како што е тоалетната школка повеќе од 2 месеца. А потребни се само неколку секунди за да се заразите. Но, добрата вест е што имате поголеми шанси да се заразите од вашиот телефон отколку од тоалетна школка. Повеќе од половина од телефоните ја имаат оваа бактерија. За да се заштитите, избришете ја школката со алкохол пред да седнете, а и редовно дезинфицирајте го вашиот мобилен телефон.

5. Грип и настинка

(5)5-bakterii-koi-navistina-mozhete-da-gi-zakachite-od-toaletite-kafepauza.mk

Овие вируси може да живеат до 3 денови на нежива површина вклучувајќи го вашиот телефон, далечинскиот управувач и тоалетната школка. За да не се заразите важно е да не ги допирате вашите очи, нос или уста откако сте биле во тоалет или пак, сте допреле нешто нечисто. Најбезбедно е секогаш да ги миете рацете откако ќе го употребите тоалетот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар