Багет чантите се апсолутен моден хит оваа сезона
Последните две сезони старите трендови се враќаат во мода, па нема да ве изненади фактот што во мода се враќа и багет чантата која го достигна врвот на популарноста во серијата „Сексот и градот“.
Оваа чанта е додаток што претставува таен зачин на секоја модна комбинација. Добриот избор на чанта може да ја трансформира целата ваша облека, од секојдневните комбинации до луксузната облека за специјални пригоди. Парчињата облека може да бидат исти, доволно е само да ги замените чантата и чевлите и да добиете сосема нов аутфит.
View this post on Instagram
Оваа сезона дефинитивно во мода ќе бидат багет чантите, дизајнирани пред точно 22 години од страна на Силвија Вентурини Фенди за истоимената италијанска модна куќа. Оваа чанта достигна планетарна популарност по серијата „Сексот и градот“ во којашто Кери Бредшо брилијантно ја комбинираше со скоро секоја облека.
View this post on Instagram
На почетокот на оваа година, многу модни куќи го дизајнираа овој популарен модел на чантa, а во моментов багет чантата е најпопуларното парче што можете да го најдете скоро секаде.
View this post on Instagram
Погледнете и какви фармерки ќе бидат модерни оваа есен.