Бабин колач

Бабин колач

Колач кој може да се комбинира со многу нешта, а создава вистинска атмосфера кога ќе се послужи со кафе

Бабин колач

Потребни состојки:
  • 160 грама маргарин
  • 120 грама шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 6 јајца
  • 600 грама бело брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 700 мл млеко
  • Малку вода
  • Малку рум
Начин на подготовка:

Изматете ги маргаринот, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не добиете пенеста смеса, а потоа едно по едно додавајте ги јајцата притоа продолжувајќи со матење.

Потоа додавајте од брашното, прашокот за печиво и млекото наизменично додека не добиете смеса нешто погуста од онаа за палачинки. По потреба разредете ја со вода, а на крајот додадете 2-3 лажици рум и повторно измешајте го тестото.

Ставете го тестото во тавче на средина на рерната и печете додека не добиете златно-жолта боја.

Послужете со стопено чоколадо, мармалад, нутела, мед… Изборот е ваш.

Овој колач е идеален за појадок или за засладување после семејниот ручек.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар