Баба – една од најважните личности во животот на детето
Баба – колку топлина, добрина, нежност и љубов има во овој збор. Најубавите сеќавања се поврзани со нашите баби: безгрижните распусти, вкусните пити, одличните палачинки и уште многу пријатни и воодушевувачки нешта кои може да им ги понуди на своите внучиња оваа добра жена.
Ароматичен џем, миризлив чај, бајки за добра ноќ, безгранична љубов – кои асоцијации ги будат кај вас вашите баби? Сигурно, најдобрите!
Сите ги сакаме и почитуваме нашите баби. Но, најинтересно е тоа што внучињата понекогаш и потсетуваат на нив. Секако, овој факт е дури и докажан.
Според научниците, бабата од мајчина страна има најголемо влијание врз животот на децата. Таа ги учи на основните правила од животот и несебично ги нуди своите љубов и внимание. Врската помеѓу бабата и внуците е една од најсилните и најдлабоките врски. Таа се формира на генетско ниво! Веќе одамна не е тајна дека нашите деца првенствено го наследуваат генетскиот материјал од нашите родители. Заради тоа, често може да ја забележите надворешната сличност.
Стручњаците за генетски инженеринг кажуваат дека гените се пренесуваат кај нашите деца од бабите по мајчина линија! Секако, ова се генерализирани податоци, а во секое семејство, сè може да се случи на различни начини. Децата може да личат и на бабата по таткова линија.
Што да се каже? Генетиката е многу сложена и непредвидлива наука. Родителите сами треба да сфатат која улога блиските роднини ја играат во судбината и природата на нивните деца. Според зборовите на стручните лица, дури и оние чувства што бабата ги доживеала во текот на бременоста, може да влијаат на развојот на внукот или внуката.
Не заборавајте дека блиското сродство е комплексен и меѓусебно поврзан организам. Значи, нашите емоции, однесувања, добрите или лошите навики може заедно со гените да им се пренесат на нашите деца и внуци. Затоа е многу важно да им се обрати внимание на сопственото здравје и на сопствената психолошка состојба.
Кога си наштетуваме себеси, ненамерно им наштетуваме и на идните генерации. Размислете за тоа! Грижете се за себе и водете сметка за своето здравје – вашите внуци ќе ви бидат благодарни.
Внимавајте на своите блиски, дајте им топлина, внимание и љубов, така сите околу вас ќе бидат среќни.
Можеби сакате да се разнежните и со текстот за девојката која ја изненадила баба ѝ носејќи ја нејзината венчаница.