Атоле
Атоле е традиционален мексикански пијалак кој локалното население во Мексико го пие преку целиот ден, иако најчесто се служи за време на појадокот. Бидејќи најдобрите ванила-стапчиња доаѓаат од Мексико, логично е мексиканците да измислат пијалак кој ќе го величи овој божествен зачин. Одлична замена е за тешките и преблаги пудинзи од ќесичка. Еве како да го направите:
За 6 шолји атоле потребно е:
- 40 г нишесте
- 1.5 литри млеко
- 65 г шеќер
- екстракт од ванила
Начин на подготовка: Во големо тенџере ставете ги нишестето и 250 мл млеко. Со жица за матење мешајте за да се соединат и да нема грутки во млекото од нишестето. Кога ќе добиете мазна смеса, истурете го остатокот од млекото и потоа додајте ги екстрактот од ванила и шеќерот. Вклучете ја ринглата на средна температура и гответе ја смесата со жица за да се стопи шеќерот и да се згусне целата смеса. Кога ќе се згусне атолето, претурете го во високи шолји и оставете малку да се олади. Овој мексикански пијалак се служи топол.Забелешка: Оригиналниот рецепт за атоле вклучува стапче од ванила. Тоа во Скопје ретко се наоѓа, а исто така е најскапиот зачин во светот.
Ова е нешто како салеп?Во секој случај вкусно….претпоставувам.