Ароматичен помфрит подготвен на здрав начин

Ароматичен помфрит подготвен на здрав начин

Сите ние на некој начин сме љубители на вкусниот помфрит. Но, знаеме и дека тој не спаѓа во здравата исхрана. Сепак, нема потреба да го пржите помфритот со многу масло за да биде вкусен и сочен. Можете да го подготвите во рерна на многу поздрав начин. Погледнете како.

Ароматичен помфрит подготвен на здрав начин

Потребни состојки:

  • 1 килограм компири
  • 60 милилитри маслиново масло
  • 3-4 чешниња ситно исечкан лук
  • Коцка за супа
  • Сол и бибер по желба
  • 60 милилитри лимонов сок
  • Свеж ситно исечкан млад лук

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени.
  • Компирите излупете ги, исплакнете ги и исечете ги како помфрит.
  • Во сад ставете ги сите состојки за маринада, освен коцката за супа, и добро промешајте.
  • Компирите ставете ги во огноотпорен сад, прелијте ги со маринадата и печете ги 10 минути.
  • Во меѓувреме измешајте ја коцката супа во малку вода. Извадете ги компирите и прелијте ги со супата.
  • Вратете го садот во рерната и печете уште 20 минути.

Уживајте во вкусниот и здрав помфрит!

Пробајте го и овој рецепт за крцкави и вкусни компирчиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар