Ароматичен пилинг за раце кој ги брише првите старосни траги

Ароматичен пилинг за раце кој ги брише првите старосни траги

Секој посакува да има нежни, убави и негувани раце. Рацете и вратот се првите места на кои се откриваат староста и годините бидејќи на тие делови од кожата се појавуваат и првите старосни брчки и траги. За што подолго да ја задржите нежноста и убавината на рацете, експертите за нега на кожа препорачуваат еднаш неделно да се прави пилинг. Во продолжение прочитајте го најдобриот рецепт за пилинг на кожата на рацете, кој гарантира поеластична, поздрава и поубава кожа.

Ароматичен пилинг за раце

Потребни состојки:
  • 2 кафени лажички шеќер
  • 1 кафена лажичка маслиново или кокосово масло
  • 1 кафена лажичка цимет
Начин на подготовка и користење:

Смешајте ги сите состојки додека не добиете една хомогена смеса. Со нежни движења полека нанесете ја смесата на кожата, тријте ги рацете една од друга неколку минути, а потоа добро измијте ги. Веднаш ќе забележите промена. За уште поголем ефект, веднаш по пилингот, нанесете хидратантен крем за раце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар