Апликации, везови и искинати ногавици: Водечки тексас трендови за оваа година
Пролетта конечно пристигна, а со тоа ни даде и зелено светло за тексас комбинациите. Одамна се уверивме дека станува збор за безвремен тренд кој трае и трае, и кој никогаш нема да престане да биде нашиот спас кога немаме идеја што да облечеме. За сите прилики, за секоја доба од денот или ноќта, тексасот е тука да направи да изгледаме атрактивно и модерно. Но, денес нема да го фалиме нашиот омилен материјал, туку ќе откриеме кои трендови за оваа година се клучни.
1. Апликации
Сигурно веќе забележавте дека апликациите се насекаде околу вас. Девојките не можеа да одолеат, а да не ги освежат своите модни комбинации со овие детали, па затоа и постојано ги гледаме. Апликациите на тексасот се вистински хит за оваа година, а со нив можете да ги украсите здолништата, јакните, фармерките и кошулите. Освен тоа, ако не сакате да купите парче кое е веќе украсено на овој начин, тогаш пронајдете апликации и со нив освежете ја вашата стара гардероба.
2. Тексас обувки
Кендал Џенер го облече тексасот на одамна заборавен начин – во вид на обувки! Интересно, а лесно за комбинирање. Исто како кога смислувате целосна тексас комбинација, така и само со еден пар обувки ќе ја „зачините“ едноставната, монохроматска комбинација.
3. Искинати краеви
Ногавиците на фармерките ви се долги и сакате да ги скратите? Во ред, само немојте да ги порабите, туку оставете ги кончињата слободно да летаат на сите страни. Можеби не ги сакаме расветаните врвови на косата, но кога се фармерките во прашање, со задоволство ги прифаќаме! Освежете ги фармерките на овој начин и ќе изгледате лежерно и тренди.
4. „Машко“ закопчување
Секако дека нема правила кога станува збор за „машкото“ и „женското“ закопчување, особено денес, во добата на секојдневни трендови, но ваквиот вид закопчување, кое вклучува само петелки и ништо повеќе, неодоливо потсетува на старите машки фармерки. А тоа оваа година ќе биде вистинскиот „бум“ кога се во прашање женските модели.
Продолжете на следната страница за повеќе тексас комбинации…