Антиводич за Денот на вљубените: 9 идеи за поинакво прославување

Антиводич за Денот на вљубените: 9 идеи за поинакво прославување

Во последно време Денот на вљубените станува мета на исмејување. Ако сте вљубени и во среќна врска, можеби ќе уживате во празникот. Но ако сте сингл, голема е веројатноста да го презирате. Без разлика во која група спаѓате, погледнете ги овие интересни и необични идеи за малку поинакво прославување на овој празник.

Антиводич за Денот на вљубените: 9 идеи за поинакво прославување

1. Конечно искористете ја кујната

Заборавете на рестораните и атмосферата од парови која ќе владее низ целиот град. Искористете ја вашата кујна и направете некој специјалитет со ваш личен потпис. Многумина велат дека патот до срцето е преку стомакот.

2. Бидете офлајн

Искористете го празникот да се одјавите од социјалните мрежи на кои сигурно ќе има само објави од вљубени парови. Ако сте сами, ова може да направи да се чувствувате лошо. Ако имате партнер, посветете го вниманието еден на друг, а не на социјалните мрежи.

3. Направете забава

Соберете ги омилените пријатели и Денот на вљубените нека ви биде мотив за забава. Без разлика дали сте со партнер или сингл, колку повеќе луѓе има околу вас – толку подобро.

4. Одете на заеднички тренинг

Велат дека паровите кои вежбаат заедно, остануваат заедно. Па, ако и двајцата сакате да вежбате, можете да отидете на заедничко џогирање или на некој групен тренинг. Освен тоа што ќе согорите неколку калории и ќе поминете квалитетно време заедно, сигурно ќе се забавувате.

5. Серии, филмови и релаксирање

Ова можеби не е некоја револуционерна идеја, но сепак, лежењето во кревет и маратонското гледање серии и филмови е навистина одлично.

6. Друштвени игри

Ова е одлично за паровите со натпреварувачки дух. Па, пронајдете некоја друштвена игра за двајца и откријте кој е подобар. Забавата е гарантирана.

7. Чистење на станот

Многу девојки сметаат дека нема ништо посекси од маж кој чисти. Да, воопшто не звучи романтично да го поминете Денот на вљубените чистејќи, но тоа е целта на оваа листа. Па, купете ги потребните средства и фатете се за работа.

8. Заедничко исмејување на Денот на вљубените

Ако сте од оние кои сакаат да се шегуваат за Денот на вљубените, сигурно ќе најдете добар материјал за тоа на Интернет.

9. Волонтирајте и помогнете некому

Не е важно дали сте во врска или не, ако сакате да помогнете некому, Денот на вљубените е одличен за ширење љубов. Сигурно има здруженија и организации во ваша близина кои ќе ви овозможат шанса да разубавите нечиј ден.

Погледнете ги и овие идеи за креативни состаноци за Денот на вљубените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар