Антиверенички прстен со моќна порака за девојките што се одбираат себеси

Антиверенички прстен со моќна порака за девојките што се одбираат себеси

Кога некој би ве прашал дали би се запросиле самите себеси, што би му одговориле? Најверојатно само би ги погледнале чудно и би одмавнале со главата. Но, тоа што можеби не сте го чуле досега е дека самозапросувањето веќе постои и дури има и свој симбол во облик на прстен, соодветен за малиот прст. Имено американскиот бренд Фред и Фар создале антиверенички прстен чија цел е да изразите љубов и почитување кон самите себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by By Melody Godfred (@fredandfar) on

„На почетокот на 2015 година постигнав сè што некогаш сум сонувала – одлична кариера, сопруг, деца и дом. Но, и покрај тоа бев несреќна, изгубена и неповрзана со себеси поради малата количина љубов и внимание што ги имав за себе. Очајно ми требаше некаков впечатлив и прекрасен дневен потсетник за тоа колку треба да се почитувам и ценам себеси. Затоа и го создадов тоа“, изјавила сопственичката на брендот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by By Melody Godfred (@fredandfar) on

Таа создала прстен за малиот прст во триаголна форма, како симбол на божествена женственост и за само еден месец почнала да се чувствува попозитивно и посигурно во себе. Денес, прстенот е достапен за сите жени и доаѓа во форма на злато со циркони во различни бои.

Па, дали и вие би се почестиле со ваков прстен? Без разлика дали сте сингл, во врска или во брак… вие заслужувате да се сакате себеси и да одвојувате време само за себе.

Прочитајте и што навистина значи љубовта кон себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар