Антистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатоста

Антистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатоста

Храната може да го намали стресот на неколку начини. Некои намирници го поттикнуваат лачењето на серотонин во организмот, други го намалуваат лачењето на кортизол и адреналин, стрес хормони кои можат да му наштетат на вашето здравје, да го ослабат имунитетот и да го покачат крвниот притисок. Па, што е потребно да направите за да ослабете со антистрес диета?

Сложени јаглехидрати

Антистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатоста

Јаглехидратите го поттикнуваат лачењето на серотонин во мозокот. Најдобро е да консумирате сложени јаглехидрати кои побавно се дигестираат. Овде спаѓаат интегрален леб, интегрални тестенини и овесни снегулки кои се најдобри за појадок.

Едноставни јаглехидрати

Антистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатоста

Исхраната со едноставни јаглехидрати не се препорачува никому, особено не на луѓето со дијабетес. Најчесто ова се продукти што содржат шеќер и бело брашно, брзо се дигестираат и пружаат краткотрајно задоволство. Ограничете го внесот на едноставните јаглехидрати за да го намалите стресот и да се ослободите од вишокот килограми.

Портокали

Антистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатоста

Портокалите се богати со витамин Ц кој го зајакнува имунитетот и го намалува лачењето на стрес хормоните. Истражувањата покажале дека витаминот Ц го намалува крвниот притисок, го намалува лачењето на кортизол и го забрзува метаболизмот. Портокалите се одлични и во борбата против целулитот.

Спанаќ

Антистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатоста

Недостатокот од магнезиум може да предизвика замор, честа одлика на стресот. Една порција спанаќ има доволно магнезиум за цел ден. Покрај тоа спанаќот има многу хранливи влакна кои го намалуваат чувството на глад.

Риба

Антистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатоста

За да го намалите стресот, потребно е да внесувате доволно омега 3 масни киселини кои ги има во рибата. Овие здрави масти го спречуваат лачењето на стрес хормоните и го штитат организмот од кардиоваскуларни болести и депресија. Покрај тоа, рибата е одлична во борбата против килограмите. Протеините и мастите ќе го намалат чувството на глад и желбата за ужина. Се препорачува да консумирате риба барем два пати неделно.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар