Претходно
Англиски колачиња
Датум: 30 апр 2011
Автор: Марија Дукоска
За сите обожаватели на кафето, еве предлог-рецепт за брзо и едноставно слатко задоволство. Станува збор за колачиња, коишто ќе измамат насмевка на сечие лице. Брзи за подготовка, сè што ви треба е да издвоите еден час за подоцна да ги изненадите вашите пријатели со нешто уникатно.
Потребни состојки:
- 250 г маргарин
- 170 г шеќер
- 100 г чоколадо сецкано на коцкички
- 100 г мелени ореви (може и лешници)
- 450 г брашно
- 100 г суво грозје (или некое друго суво овошје)
- 2 јајца
- 1 пециво
Начин на подготовка:
Сите состојки се замесуваат. Потоа тестото се плеска и се рассукува. На крај, со модли се сечат фигури и се печат.
na kolku stepeni i kolku vreme?
јас ги пробав .. на 120 степени околу 15 мин .. мн се убави
Mnogu se slatki…posebno akoavi drug a vie samo gi degustirate.
Подобро е на повисока температура (200-220 степени) и помалку време, зошто на ниска температура повеќе ќе ви се исушат.