Ангелите на Викторија советуваат: Вежби за тело од соништата
Ангелите на Викторија имаат беспрекорен изглед кој многумина жени го посакуваат. Токму затоа и овие модели ја откриваат тајната за начинот на кој секоја година се подготвуваат за незаборавната ревија, која овој пат ќе се одржи на 10 ноември. Нивните совети се поедноставни одошто мислите и доколку ги следите, гарантираат дека ќе го добиете телото од вашите соништа.
Адријана Лима
Оваа прекрасна девојка од Бразил се занимава со боксување од своите тинејџерски денови, тренирајќи со Дина Спенсер, која е експерт за боречки вештини.
Сара Сампајо
Убавицата од Португалија вели дека за нејзиниот добар изглед е заслужен пилатесот. Таа на Инстаграм открила дека овој вид физички активности ѝ помогнале да ја победи честата болка во грбот.
Џиџи Хадид
Оваа млада манекенка која е дел од ангелите на Викторија само една година, вели дека својата линија ја одржува преку утрински часови по балет и вечерни напорни тренинзи во теретана.
Лили Олдриџ
Со оглед на тоа што оваа година прв пат ќе го носи „градникот од фантазиите“, таа признала дека последниве неколку недели тренира сè потешко, два пати дневно – 1 час наутро и половина час попладне.
Алесандра Амброзио
Како и многу други нејзини колешки, така и таа најмногу сака да вежба во балетската сала со цел подобро да се подготви за ревијата која следува.
Марта Хант
Оваа убавица тренира со Џастин Гелбандон, експерт за линијата на модели. Нејзиното вежбање вклучува пилатес, бокс и теретана.