Анализирање, кршење на правилата и несекојдневен животен стил: Необичното однесување на интуитивните личности

Анализирање, кршење на правилата и несекојдневен животен стил: Необичното однесување на интуитивните личности

Според некои теории, интуитивните типови луѓе се оние кои многу повеќе ги вреднуваат апстракциите, теориите и истражувањата на можностите, отколку дадената реалност на светот околу нив. Нив многу повеќе ги интересира она што не е очигледно и што не е искажано, отколку она што е. Во доминантниот свет, интуитивните личности често делуваат како чудаци и неприлагодени личности, чие однесување, избори и начин на живот не наоѓа разбирање од страна на останатите во околината. Еве некои однесувања поради кои интуитивните личности им изгледаат чудно на останатите.

1-analiziranje-krshenje-na-pravilata-i-nesekojdneven-zhivoten-stil-neobichnoto-odnesuvanje-na-intuitivnite-lichnosti-www.kafepauza.mk_

1. Почнување дебата

Тие не започнуваат расправии и дебати затоа што се нељубезни и напорни, туку поради тоа што им е потребно да ја разгледаат ситуацијата од сите можни аспекти, да ги воочат „пропустите“ и суштината. Некои од нивните најдрагоцени увиди, се случуваат токму во текот на дебатата.

2. Не ги сфаќаат правилата од збор до збор

За нив правилата се повеќе упатства и сугестии за оние кои не размислуваат и не ги пронаоѓаат сопствените начини. Тие го анализираат секое правило обидувајќи се да сфатат зошто тоа постои и за што служи и доколку откријат дека тоа правило е ограничено, глупо, неефикасно и застарено, немаат никаков проблем да постапуваат на свој начин, раководени од сопствените вредности и размислување.

3. Премногу анализираат

Она што останатите го сметаат за претерано анализирање, премногу широко размислување, за интуитивните личности е вообичаен начин на ментално функционирање. Размислувањето и анализирањето не бараат никаков напор, го збогатуваат разбирањето, ја прошируваат перспективата, ја изоструваат перцепцијата и – забавни се. Она од кое другите ги боли главата, за интуитивните е лесна ментална гимнастика, односно загревање за сериозни когнитивни процеси.

3-analiziranje-krshenje-na-pravilata-i-nesekojdneven-zhivoten-stil-neobichnoto-odnesuvanje-na-intuitivnite-lichnosti-www.kafepauza.mk_

4. Ги преиспитуваат авторитетите

Како што ги преиспитуваат правилата и не чувствуваат обврска да ги почитуваат, така ги доживуваат и авторитетите. Никој не го заслужува нивното почитување само поради својата позиција. Тие кон авторитетите се поставуваат опуштено и рамноправно, и никогаш не се попустливи и склони кон полтронство. Кога некого го почитуваат, тоа е поради неговата личност и човечка вредност, а не поради тоа што им е надреден и што може да им го згорчи или олесни животот. Самите тие многу ретко се на позиции со авторитет и воопшто, многу се сомнителни кон личностите кои сакаат моќ и контрола.

5. Страсно ја испитуваат различноста

За тоа сведочат нивните интереси, кругот на пријатели и познаниците, вкусот и културата. Интуитивните личности целиот свој живот настојуваат да ја видат широката слика на светот, да разберат сè и да ги спојат различностите и спротивностите. Тие имаат сосема посебен вкус, нивната општа култура е многу специфична, нивните интереси и хоби се многу поразлични и поневообичаени од оние кои имаат „нормална“ личност. Всушност, нив многу ги привлекува она што е надвор од границата на „нормалното“, бидејќи сè што е надвор од шаблонот овозможува подлабок увид и поширока перспектива.

2-analiziranje-krshenje-na-pravilata-i-nesekojdneven-zhivoten-stil-neobichnoto-odnesuvanje-na-intuitivnite-lichnosti-www.kafepauza.mk_

6. Живеат селективен социјален живот

Интуитивните личности ја обожаваат самотијата, бидејќи таа им овозможува да им се препуштат на своите специфични интереси и мисловни процеси, па никогаш не им е досадно кога се сами, но затоа пак престојот помеѓу луѓето и учествувањето во групните интереси им претставуваат мачење – баналноста има поразувачко дејство на нив. Имаат различни пријатели со кои делат различни интереси, а тие пријатели никако не прават хомогена група – со секој од нив се дружат поединечно и делат различни интереси.

7. Им даваат предност на неконвенционалните животни стилови

Барајќи се себе во мноштвото разноликости, интуитивните личности усвојуваат и развиваат животни стилови кои не спаѓаат во стандардите на живеење во „нормалниот“ свет. Она што тие го сметаат за удобно, убаво и практично нема никаква врска со брендовите, модата и современата технологија. Честопати комбинираат ретро животни стилови со оние кои се далеку пред времето и живеат онака како што им налага нивното чувство за складност и исполнетост, поради што се изложени на сомневање. Тие ги преземаат нештата во своите раце, главно им зборуваат за себе на оние кои не ги познаваат и кои се срамат од различноста и невообичаеноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Bratot Reply

    Odlicno 😀

Остави коментар