Американска солена пита со пилешко и печурки
Брз и вкусен оброк за кој било ден од неделата
Потребни состојки:
- 500 грама готово тесто
- 3 пилешки гради, без кожа и коски
- 2 лажици маслиново масло
- 150 грама шампињони
- 1 помала главица кромид, исечкана
- 1 чешне лук, исечкано
- 50 грама путер
- 2 лажици брашно
- 300 милилитри млеко
- 200 милилитри пилешка супа
- 1 јајце, изматено
- Рендано морско оревче, прилагодете по вкус
- Свежо мелен бел бибер
- Прстофат сол
- Една рака свеж магдонос
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во тава сипете маслиново масло и пржете го пилешкото додека не добие бела боја. Потоа додајте му ги шампињоните (исечкани на четвртини) и пржете сè додека пилешкото не зарумени. Извадете ги од тавата, а во неа додајте го лукот и кромидот. Пржете 2, 3 минути и потоа додадете ги врз пилешкото и шампињоните.
Стопете го путерот во друга тава, додајте брашно и мешајте 2, 3 минути на оган или сè додека не добиете изедначена смеса. Во еден сад, измешајте ја пилешката супа со млеко, па додајте ги оревите, солта и биберот. Потоа претурете ги врз смесата од брашно и мешајте сè додека не се изедначат. Оставете ја смесата да врие сè додека не се згусне, притоа постојано мешајќи ја. Прелијте го сосот преку печурките и пилешкото, а потоа додајте го и свежиот магдонос. Оставете да се олади.
Готовото тесто ставете го во калап и на краевите измачкајте го со јајцето, а потоа додадете ја смесата со печурки и пилешко и покријте го тестото. Премачкајте ја целата пита со јајце, направете мали отвори врз неа и ставете ја во рерна. Печете ја околу 20 до 25 минути.