Акупунктурата навистина помага при намалување на болки
Нова студија која досега е една од најригорозните и најдетални анализи на акупунктурата докажала дека таа може значително да ги намали хроничните болки како мигрените и артритисот. Овие пронајдоци овозможиле цврста научна потпора за оваа терапија која ја употребуваат сè повеќе и повеќе луѓе низ светот.Истражувачите кои ги објавиле нивните резултати во Архивата за интерна медицина, откриле дека акупунктурата има поголем ефект од медицинските третмани кај луѓето кои страдаат од остеоартритис, мигрени и хронични болки во грбот, вратот и рамената.
„Ова долго време беше контроверзна тема,“ вели д-р Ендрју Џ. Викерс, главниот истражувач на оваа студија. „Но кога се обидувате да ги одговорите прашањата на вистинскиот начин, како што направивме ние, добивате многу јасни одговори. Ние сметаме дека постојат цврсти докази кои ја поддржуваат ефикасноста на акупунктурата во третманите за хронична болка.“
Акупунктурата, која подразбира нанесување игли на различни места на телото со кои се стимулираат таканаречените акуточки, е една од најшироко распространетите практични примени на алтернативната медицина низ светот. Но, и покрај популарноста, постојано се појавуваа прашања за нејзината ефикасност. Дали на тие што велат дека е успешна навистина им помогнала или пак станува збор за плацебо ефект? Д-р Викерс и неговиот тим се надевале дека ќе го откријат одговорот токму на ова прашање. Сè на сè, им билe потребни околу 6 години.
„Да се реплицира скоро секој извештај кој бил објавен во дузина студии не е баш лесна задача,“ вели д-р Викерс. „Но, ние сепак успеавме.“
Резултатите покажале дека половина од пациентите кои биле третирани со вистинска акупунктура изјавиле дека чувствуваат подобрувања, за разлика од околу 30% од оние кои не биле подложени на третманот. Тие исто така докажале и дека оние кои ја практикуваат акупунктурата добиваат многу повеќе од само плацебо ефект.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.