Ако вашите родители се разделуваат, испратете им ги следниве пораки
Вашите родители безброј пати ви помогнале во тешки ситуации. Сега улогите се сменети – тие се соочуваат со крај и време е вие да им бидете рамо за потпирање. Може да биде предизвикувачко да знаете што точно треба да правите или да кажете кога вашите родители се разделуваат. Но едно е сигурно – тие барем малку ќе се развеселат доколку им испратите едноставна текстуална порака.
Очигледно е дека не постои начин за болката што родителите ја чувствуваат комплетно да исчезне. Сепак, ќе бидете изненадени колку многу една порака може да им го подигне духот – па дури и да им даде зрак надеж. Кога зборовите ви недостигаат пробајте да им ги испратите следниве текстуални пораки за полесно да ја преживеат тешката разделба.
Секогаш сум тука ако ти треба некој да те сослуша или што било друго
Понекогаш најдоброто нешто коешто можете да го направите е едноставно да им ставите до знаење дека ќе бидете тука за нив. Тие знаат дека вие имате зафатен живот и се чувствуваат лошо кога ќе помислат дека ви се товар барајќи ваша поддршка. Со испраќањето на оваа порака вие им ставате до знаење дека мислите на нив и сакате да им помогнете на кој било начин и покрај тоа што имате календар преполн со обврски. Нема сомнеж дека ќе ви бидат благодарни за ова искрено потсетување.
Ќе го надминеш ова – си поминал/а и полошо
Вистината е дека вашите родители преживеале многу потешкотии. Можеби изгубиле работа, родител или некој близок – можеби преживеале сериозна болест или повреда, а можеби и веќе поминуваат низ развод. Вие не само што ги гледавте како ги доживуваат тие работи туку исто така ги гледавте и како ги прифаќаат. Одвојте една минута да им ставите до знаење дека се силни. Разводот може да биде трауматично искуство, па сигурно ќе им треба потсетување за нивната сила. Ќе се почувствуваат самоуверени кога ќе им ставите до знаење дека поминале низ сè и дека истото го надминале.
Дали вечерва си слободен/на за вечера?
Најдобриот подарок што можете да им го дадете е вашето време. Тоа навистина ќе им биде потребно во миговите кога се чувствуваат осамени. Направете план за да поминете квалитетно време заедно. Излегувањето на вечера ќе им ги оттргне мислите, а доколку не ви се излегува спремете домашно подготвена храна и јадете заедно. Ако вашите родители не живеат во близина, тогаш направете онлајн дружба.
Повели дневна доза смеа за да те забавува
Велат дека смеењето е најдобриот лек – никогаш не ја потценувајте неговата моќ. Доколку најдете некоја смешна и интересна содржина, не се двоумете да им ја испратите. Тоа ќе им дојде добро затоа што ќе им ги пренасочи мислите на малку забава наместо постојано да мислат на разделбата.
Што направи за себе денеска?
Познато е дека грижата за себеси е последна кога некој се соочува со болна разделба. Потсетете ги вашите родители дека треба да бидат нежни со себе во време кога се ранливи. Поставувањето на ова едноставно прашање не само што ќе им покаже дека се грижите за нивната добросостојба туку и ќе ги инспирира да направат нешто што ќе придонесе да се чувствуваат добро. Ако изгледа дека тие ја отфрлаат грижата за себе можеби ќе можете да направите некои сугестии што одговараат на нивните потреби и интереси.
Постои голема веројатност дека вашите родители биле покрај вас кога вие сте се соочувале со раскинување. Сега е вашиот ред да бидете тука за нив. Колку и да мислите дека не им помагате доволно во процесот на нивното закрепнување, реалноста е дека и кратката текстуална порака ќе им покаже дека ги поддржувате. Тие ќе бидат вечно благодарни што израснале толку љубезна и внимателна личност што им дава поддршка во нивните најтешки денови.
Прочитајте ја и оваа приказна која вели дека родителите треба да се сакаат и почитуваат во нивната старост.