Ако вашата цел е да бидете вистински среќни, тогаш заборавете на овие работи во животот

Ако вашата цел е да бидете вистински среќни, тогаш заборавете на овие работи во животот

Речиси сите луѓе се трудат да пронајдат вистинска среќа, но тоа не успева толку лесно. Доколку сакате да се најдете на тој пат, потребно е да отфрлите некои работи кои влијаат на начинот на кој размислувате. Споредувањето со другите нема никогаш да ви донесе комплетно задоволство и исполнетост. Затоа, разгледајте што е она што ве прави среќни, а еве од кои работи треба да се откажете за да вметнете нова сила во вашиот живот.

Ако вашата цел е да бидете вистински среќни, тогаш заборавете на овие работи во животот

1. Љубомора и завист

Лесно е да ги видите вашите пријатели, колеги, браќа или сестри како постигнуваат некој успех, па да се прашувате зошто и вие не можете да го правите тоа. Кога другите постигнуваат нешто, честопати кај вас се јавува завист и ја сакате славата која тие ја имаат. Но, овие емоции не водат кон успех, баш напротив. Потребно е да сфатите дека успехот не ве следи вас затоа што не е вистинскиот момент, а сѐ што треба е да останете фокусирани на вашите сопствени цели и да го живеете вашиот, а не животот на другите.

2. Премногу работите

И покрај тоа што напорната работа е важна, сепак, треба да правите баланс помеѓу тоа колку напор вложувате. Вашиот ум и тело може да потрошат одредено ниво енергија во еден ден, па преголемата исцрпеност ќе доведе до поголем стрес. Затоа, обидете се да работите ефикасно и овозможете му го потребниот одмор на вашето тело и вашиот ум.

3. Имате страв од поставување цели

Дали сте доволно добри? Па, тоа зависи. Дали сте подготвени да ги преземете потребните чекори за да станете доволно добри? Ако сте подготвени, тогаш да, вие сте доволно добри, дури и ако сѐ уште не сте во таа позиција. Доколку само седите и се прашувате што би било ако можете да ги правите работите што ги сакате, никогаш нема да постигнете успех. Поставете си реални цели и движете се со мали, но сигурни чекори.

4. Одложувате

Да започнете со нешто најверојатно е најтешкиот дел. Честопати кај луѓето е присутен стравот дека не се доволно подготвени. Но, реалноста е дека никој никогаш не може целосно да биде подготвен. Со тоа што ќе започнете, вие ќе бидете во можност да ги согледате своите предности и недостатоци. Доколку само седите и размислувате, без да дејствувате, тогаш тоа нема да ве одведе никаде.

Ако вашата цел е да бидете вистински среќни, тогаш заборавете на овие работи во животот

5. Мислите на вчерашниот ден

Честопати се потсетувате на минатото и се преправате дека не сте погрешиле. Во вашите фантазии, денес ќе биде прекрасен ден и ќе ги постигнете сите цели, без да се грижите. За жал, животот не функционира на овој начин. Секој греши и токму грешките се шанси да откриете нешто ново за себе. Надминувањето на тешкотиите започнува со решението кое треба да го донесете денешниот ден, без притоа да се задржувате на она што би требало или сте можеле да го направите изминатиот период.

6. Мислите на утрешниот ден

Идејата за она што може да го понуди утрешниот ден е застрашувачка. Дали би можеле да ги одржувате вашите цели? Како би се снајделе во животот? Дали би ја имале потребната поддршка доколку доживеете неуспех? Сите овие проблеми треба да ги имате предвид, но не треба да дозволите тие да ве вознемируваат. Потсетете се зошто сте се одлучиле да преземете некои чекори. Секој ден, денес е денот кој е најважен.

7. Очекувате совршенство

Да се биде среќен не е синоним за совршенство. Совршенството го означува крајот на растот, затоа што ништо повеќе не може да се направи и ништо друго не може да се постигне. Личноста ориентирана кон целите која нема ништо што да направи, не е среќна личност.

8. Очекувате совршена врска

Во никој случај љубовта не е совршена. Врските, па дури и пријателските, бараат одржување, работа и рамнотежа. Не постои совршен партнер и покрај тоа што може да ви се чини така. Прифатете ја љубовта што ја имате и обидете се да не бидете премногу окупирани со недостатоците на личноста и погледнете ги во нивното вистинско светло. Добриот партнер или пријател ќе го направи истото и за вас.

Ако вашата цел е да бидете вистински среќни, тогаш заборавете на овие работи во животот

9. Очекувате совршено тело

Колку често ви е присутна идејата за тоа како треба да изгледате? Од каде да ја купувате облеката? Кој број облека е совршен за вас? Овие високи стандарди се опасни извори на стрес. Тешко е да ги игнорирате, но не е невозможно. Создадете си мислење за себе и продолжете да ги подобрувате целите и стандардите кои самите сте си ги поставиле, затоа што секој е различен.

10. Не го прифаќате зборот „Не“

Овој збор со две букви може да има многу голема моќ. Тој може да ве порази, одново и одново. Но, на патот кон среќата, вие почесто ќе слушате „Не“ отколку „Да“ и тоа е сосема во ред. Секое „Не“ е чекор понапред кон она „Да“ кое го барате. Не сфаќајте го лично секое негирање.

11. Правите изговори

Кажувајќи си лаги и други приказни со цел да ја олесните ситуацијата не е здраво, затоа што тоа доведува до заблуда. Така, наскоро ќе почнете да верувате во сите изговори што ги правите и на крајот нема да можете јасно да ги видите недостатоците, кои го запираат вашиот личен развој.

12. Очекувања

Кои се вашите очекувања? Кој ги бара од вас? Дали овие стандарди ги поставивте вие или некој друг? Доколку самите не ги одредите своите очекувања, тогаш ослободете се од нив. Никогаш нема да бидете среќни ако се обидувате да живеете нечиј друг живот. Нивните очекувања нека бидат за нив, а вие самите изберете ги своите.

Ако вашата цел е да бидете вистински среќни, тогаш заборавете на овие работи во животот

Вие ќе бидете вистински среќни ако научите да се слушате себеси. Одвлекувањето на вниманието, очекувањата и двојните стандарди честопати го презаситуваат вашиот ум и ве спречуваат да пронајдете мир во самите себе. Вашите сопствени гласови стануваат помали и подалечни. Најдете го вашиот глас и откажете се од овие работи, па ќе бидете чекор понапред кон пронаоѓањето вистинска среќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар