Ако сте психички силна личност, тогаш сигурно не ги кажувате овие работи

Ако сте психички силна личност, тогаш сигурно не ги кажувате овие работи

Сите би сакале да бидат психички силни луѓе кои би преживеале секаков пад во животот. Колку и да ни се чини на моменти убав и лесен, животот е исполнет со падови, мали и големи, кои на еден или друг начин влијаат на нас. Некогаш не сме ни свесни дека дадена ситуација за нас претставува загуба, слегување на подолно морално ниво и сл. И додека секој функционира индивидуално справувајќи се со животните падови на свој начин, постојат одредени нешта кои можат да ви укажат колку всушност сте подготвени да се справите со тие падови во зависност од вашата психичка состојба.

ako-ste-psihichki-silna-lichnost-togash-sigurno-ne-gi-kazhuvate-ovie-raboti-kafepauza.mk

„Заслужувам да бидам среќен/на“

Иако можеби се чини како добра мотивација кон доаѓање во состојба во која би биле среќни, ваквата изјава, како и сите изјави од сличен карактер, можат всушност да ја оддалечат уште повеќе таа цел. Како? Многу лесно може да се најдете себеси како ја очекувате таа среќа на погрешни места и од погрешни луѓе. Кога наместо помислата дека заслужувате среќа би поминале повеќе време посветувајќи се на луѓето и работите кои ги сакате и кои ве исполнуваат, среќата која ја барате ќе дојде сама по себе.

„Побрзо би молел/а за прошка отколку да барам дозвола“

И додека самите зборови нагласуваат дека станува збор за нешто што веројатно не би требало да го правите, она што треба да се запрашате е дали тоа што имате намера да го направите вреди за последиците кои ги носи со себе? Уште повеќе, кои точно последици се тие? Дали влијаат на вас или на вашите сакани, дали некому ќе предизвикаат проблеми, дали ќе го означат крајот на нешто? Правејќи нешто што уште на самиот почеток ве тера да мислите дека ќе треба да барате прошка на крајот е нешто што не треба да го направите, барем не во тој момент. Ако ништо друго, можеби би било подобро убаво и детално да ги разгледате околностите, така што кога конечно ќе се решите да го направите првиот чекор, ќе бидете сигурни во себе знаејќи зошто навистина го правите тоа.

(1)-ako-ste-psihichki-silna-lichnost-togash-sigurno-ne-gi-kazhuvate-ovie-raboti-kafepauza.mk

„Животот е само еден“

Изговори. Изјави како оваа се доказ дека барате изговор во животот да направите нешто што разумот во вас не би ви го дозволил во која било друга околност. Убедувајќи се себеси дека животот е еден, вие всушност си давате дозвола да направите нешто нетипично за вас. Да, некогаш тоа е добра работа бидејќи на тој начин пребродувате некои стравови, доживувате нешто возбудливо и различно од вашето секојдневие, запознавате нови луѓе. Но многу почесто, се наоѓате себеси уверени дека ова важи и за сите останати гранки во вашиот живот. На тој начин, вие сигурно ќе се најдете во ситуација кога ќе направите нешто што не е во ред, често дури и несвесни дека е така.

„Само сум искрен/а“

Можеби ве учеле како мали дека секогаш треба да бидете искрени, но факт е дека искреноста не е секогаш најдоброто решение (барем не во целост), а уште помалку изговор во секој аспект од вашиот живот. Искреноста е навистина во поголем дел од случаите подобро решение во споредба со премолчувањето (никогаш со лажењето), но често свесно или не, луѓето ја користат како добар изговор да повредат некого или да направат нешто што не е во ред. Така, наместо искрени, поверојатно е дека ќе делувате како груби и безобразни луѓе кои немаат почит кон нечии чувства.

„Не се грижам што мислат другите“

Ова во целост ве карактеризира како сосема бесчувствителна личност која не се грижи за туѓите мисли, чувства или ставови и која се обидува да се убеди себеси дека е подобра од сите останати. Иако има вистина во тоа дека постојаното согласување и удоволување секому не е здраво, постои уште поголема вистина во тоа дека секој човек треба да има обѕир кон луѓето околу себе. Нема потреба да се согласите со нечие мислење ниту, пак, да правите нешто што не го сакате, но покажете почит кон личноста со која зборувате на тој начин што барем ќе ја ислушате докрај. Никогаш не можете да знаете што тој/таа има да ви каже и како тоа на крајот може да влијае на вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар