Ако сте почнале да се откажувате од вашите соништа, прочитајте го ова...

Ако сте почнале да се откажувате од вашите соништа, прочитајте го ова…

Кога сте млади и за прв пат го напуштате вашиот дом, ви се чини дека слободата ве зела во прегратка и заедно сте скокнале од карпа. Тоа е чувство на летање, без страв дека ќе треснете од земја или во студена вода, со ненадеен шок за вашиот систем. Спуштањето не е ништо друго туку далечна мисла, оддалечена цел универзум. Во моментов, вие летате.

Никогаш не се откажувајте од вашите соништа

Можеби ова чувство е поврзано со факултетот. Или со првиот стан во кој ќе живеете сами. Можеби е нешто сосема друго, но тоа е слобода која вие цврсто сте ја зграпчиле со двете раце, како исплашено дете кое се држи за својата мајка, првиот пат кога ќе излезе во непознатиот надворешен свет. Можеби во оваа споредба има доза иронија. Веројатно не сте размислувале така во тоа време. Едноставно сте го живееле градот, сте го вдишувале животот. Чад, мистерија, звуци, опасности, сè е возбудливо, а вие сте млади, светот постои за да го освоите и можете да бидете сè што ќе посакате.

Замрзнете го тој момент во вашата глава. Првиот момент кога вистински сте се почувствувале слободни. Очекувањата, идеите, нештата кои мислите дека ви се предодредени. Дали се сеќавате на чистата, незагадена среќа? Одлично. Чувајте го тој спомен засекогаш.

Целосната слобода носи одговорност. Одеднаш вие сте тие кои ги поставуваат правилата. Одеднаш вие сте одговорни за животот кој никогаш не помисливте дека ќе тргне во погрешна насока. Одеднаш целиот свет се движи побрзо отколку што вие очекувате. Одеднаш сфаќате дека не сте подготвени. Одеднаш сè излегува од контрола и сакате сè да сопре.

Но. не запира. Светот не запира за никого. Нема да запре ниту за вас.

Тажно е што мора да го запаметите сето ова, но навистина е важно. Бидејќи детето е сè уште некаде длабоко во вас, криејќи се во собата за паника која сте ја направиле во вашето срце. Истото дете кое ги имаше сите тие соништа, соништа кои ви биле на дофат во моментот на слобода, што скоро и сте можеле да го почувствувате успехот.

Вратете се на тој момент. Вратете се во секундата кога помисливте дека светот е ваш. Што ќе си кажевте себеси сега, откако веќе го знаете исходот и кога веќе сте постари и помудри? Веќе научивте дека светот не застанува за никого. Сте се помириле со вашите обврски. Сте почувствувале што значи да ви го скршат срцето и најважно од сè, сте научиле што значи одбивањето.

Со други зборови, нема подобро време од сега да барате целосна и апсолутна слобода во вашиот живот, да ја преземете контролата врз вашата иднина, да го зауздите животот и да го следите секој ваш сон. Не дозволувајте стравот од слободата да го спречува секое ваше движење и да го уништи сето она што некогаш мислевте дека ви е на дофат. Можеби сега сте уморни и презаситени, но тоа не смее да се случува.

Наместо тоа, научете од грешките од вашата младост и искористете го секој момент на слобода која ја чувствувате во моментов, да се борите за секоја една цел и сон кој го имате.

Светот е прекрасно место, но само ако вие изберете така да го доживувате секој ден. Светот е блажено место, но мора да сте благодарни за малите нешта за да го доживеете така. Ваш е изборот дали светот ќе го гледате позитивно или негативно, исто како што слободата е состојба на умот.

Сите во животот имаме избор. Може да изберете и да забавите, да се повлечете и да се откажете од вашите соништа. Или може да изберете никогаш да не заборавите како е да сте апсолутно слободни и да го искористите тоа чувство за да го исполните секој ваш сон.

Сетете се на решителната млада личност која некогаш сте биле. И почнете повторно да верувате во неа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар