Ако сте љубител на нутела, пробајте го овој пијалак со 3 состојки
Повеќето луѓе се дома по цел заради пандемијата и еден дел од времето го користат за испробување нови рецепти. Во последно време, многу луѓе објавија фотографии на Инстаграм од успешно направеното „далгона кафе“, а сега можете да направите и бескофеинска верзија со нутела.
View this post on Instagram
Потребни состојки:
- една голема лажица нутела
- 80 милилитри хопла
- 250 милилитри млеко
Начин на подготовка:
На дното од шолјата ставете ја лажицата нутела, потоа додајте ги хоплата и ладното млеко и сите состојки измешајте ги рачно. На врвот можете да украсите со нутела или со парчиња чоколадо.
Погледнете како да го подготвите и овој кремаст напиток од јагоди што ги воодушеви жените на социјалните мрежи.