Ако секогаш го одбирате безбедниот пат, дали навистина го живеете својот живот?
Во животот, секој човек треба да направи многу одлуки. Да одлучи што ќе јаде, што ќе облече, што ќе прави во претстојниот ден, а понекогаш треба да направи и одлуки што драстично ќе влијаат на неговиот живот. Можеби тоа ќе биде некоја клучна бизнис одлука, решавање дали да останете во врска или ќе заминете или пак одлуки кои ќе влијаат на нечиј друг живот. Понекогаш се наоѓате на раскрсница и во зависност од тоа која одлука ќе ја изберете, ќе тргнете по различен пат. На пример, замислете дека ви е понудено да отпатувате некаде, па морате да изберете дали ќе ја напуштите својата стабилна работа или не. Доколку се одлучите да заминете, многумина ќе мислат дека правите голем ризик, но, во тој момент многу работи се менуваат.
Учење од минатото
Едно нешто што треба да го запаметите е тоа дека ако сметате дека сте одлични во она што го работите, треба тоа да им го дадете до знаење и на другите. Иако можеби не барате некоја нова работа во моментот, никогаш не знаете што може да се случи веќе наредниот ден. Доколку други работодавачи знаат за вас, кога ќе им биде потребен работник, вие ќе бидете првиот кандидат. Ако конкурентите на компанијата во којашто сте работеле знаат за вас и притоа бараат нови вработени, што мислите, кој ќе биде контактиран прв? Затоа, секогаш бидете отворени да слушнете што има ново, зашто никогаш не знаете каде се крие вашата среќа. Верувајте во законот на привлечност кој вели дека го привлекувате она што го мислите. Ако имате добри мисли, ќе ви се случуваат добри работи, а ќе привлекувате и добри луѓе.
Донесување одлуки
Секогаш можете да изберете да останете на местото каде што сте сигурни, да ја задржите стабилната работа и да му помогнете на некој друг соништата да му станат реалност. Но, тоа не е секогаш вистинската одлука. Најдете мотивација и правете ги работите кои ве импресионираат. Растете во насока која вие сакате, не којашто е предодредена од другите. Хранете ја вашата душа и зголемете ја вашата среќа. Запаметете дека многу е важно да одвоите време за да правите работи кои ве смируваат. На пример, сетете се на некои минати одлуки кои сте требале да ги направите. Доколку сте се решиле да излезете од зоната на удобност и да ја напуштите стабилната работа којашто сте ја работеле со години и добро сте ја познавале, тоа не значи дека сте направиле грешка поради која треба да се каете. Мислете на новите можности кои ви се понудиле, растот и искуството што во спротивно не би го доживеале доколку сте останале постојано на истото место. Вистина е кога се вели дека животот почнува надвор од зоната на удобност.
Земете пример од некој успешен бизнисмен. Мислите ли дека тие стигнале таму каде што се без да преземаат каков било ризик? Не. Тие ризикувале на некој начин, ги преземале работите во свои раце и го следеле својот сон. Сепак, постои разлика помеѓу совесно и несовесно преземање ризици, но, вие самите треба да одлучите што е она што ве прави среќни и за што вреди да ризикувате.
Не се кајте
Животот е краток и среќата е бесценета. Ако не успеете, барем ќе научите нешто и наредниот пат ќе се обидете подобро. Но, ако успеете? Замислете го тоа! Значи, ако останете онаму каде што сте само затоа што тоа место ви нуди безбедност и удобност, тогаш нема да донесете ништо ново и вредно во вашиот живот. Исто така, ако продолжите да го работите она што е лесно, наместо да започнете да ги реализирате вашите идеи, тогаш, дали навистина ќе бидете среќни? Дали ако останувате онаму каде што сте сигурни, живеете навистина?