Ако се одлучивте за депилација под пазувите, тогаш добро е ова да го знаете

Ако се одлучивте за депилација под пазувите, тогаш добро е ова да го знаете

Во текот на летниот период најголем „проблем“ ни претставуваат пазувите, бидејќи треба да водиме сметка за влакненцата кои се појавуваат после бричењето. Тие може да бидат многу досадни, бидејќи веднаш после бричењето започнуваат одново да растат. Ова не значи дека за нив не постои решение. Решението секако е депилација на пазувите, но бидејќи станува збор за чувствителен дел од нашето тело, погледнете на кои детали би требало да внимавате пред да се одлучите за еден ваков третман.

1-ako-se-odluchivte-za-depilacija-pod-pazuvite-togash-dobro-e-da-go-znaete-ova-www.kafepauza.mk_

1. Депилацијата на пазувите никогаш не ја правете истиот ден кога правите депилација на друг дел од вашето тело, на пример, бикини зоната, бидејќи беспотребно ќе се изнамачите. Најдобро е помеѓу нив да има кратка пауза за да ги намалите непријатностите, бидејќи станува збор за исклучително чувствителни места.

2. Оставете влакненцата под пазувите доволно да израснат. Така и самата депилација ќе биде побрза и полесна, бидејќи од должината на влакненцата зависи времето и напорот којшто треба да се вложи во процесот.

3. Иако во некои салони пред депилацијата на пазувите се чисти тој дел од телото, по можност, добро е вие дома да го направите тоа. Благодарение на чистењето, а со самото тоа и хидратацијата на пазувите, овој дел од телото станува помек и влакненцата полесно се отстрануваат. Меѓутоа, немојте да користите производи кои во себе содржат јаки хемикалии, бидејќи може дополнително да ја иритираат кожата.

4. Уште еден многу важен совет кога станува збор за депилација на пазувите – тој дел треба да биде потполно чист и сув пред депилацијата. Тоа значи дека пред депилацијата не треба да нанесувате дезодоранс или стик, туку е неопходно кожата да биде сува.

2-ako-se-odluchivte-za-depilacija-pod-pazuvite-togash-dobro-e-da-go-znaete-ova-www.kafepauza.mk_

5. Избегнувајте да пиете кафе пред третманот, бидејќи тоа ќе придонесе за поголема чувствителност на вашата кожа. Неверојатно, но вистинито.

6. Кога станува збор за самиот процес на депилација, таа се врши во неколку кратки потези, со оглед на тоа дека влакненцата под пазувите растат во различни насоки. Во зависност од козметичкиот салон, депилацијата нема да трае многу долго, но секако ќе бидат искористени неколку траки кои ќе овозможат потполно отстранување на влакненцата од овој дел на телото.

7. Доколку за прв пат одите на депилација на пазувите, може да очекувате иритација и осетливост, па затоа после овој третман избегнувајте тој дел од телото да го изложувате на топлина, но и на дезодоранси во наредните 24 часа. За да го намалите црвенилото и иритацијата, на пазувите нанесувајте ладни облоги.

8. Кога ќе помине периодот од 24 часа, задолжително повторно исчистете ги пазувите, исто како што го направивте тоа пред депилацијата, бидејќи тоа е единствениот начин вашата депилација да биде делотворна, без никакви негативни ефекти. Она што исто така треба да го запомните е дека по никоја цена да не ги бричите пазувите после депилацијата, бидејќи со бричењето ќе ги поттикнете влакненцата повторно да започнат да растат, па со самото тоа ефектот од депилацијата повеќе нема да биде видлив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар