Ако сакате таа повторно да ве бакне, не правете ги овие 12 нешта!

Ако сакате таа повторно да ве бакне, не правете ги овие 12 нешта!

Конечно сте успеале да договорите љубовен состанок и стравувате од првиот бакнеж меѓу вас. Сте бакнале многу девојки досега, но таа поради некоја причина е посебна – правејќи ве понервозни од вообичаено. Ако сакате повторно да ве бакне, па можеби дури и да почнете врска со неа, тогаш мора да ги избегнувате овие големи грешки во бакнувањето. Читајте внимателно!

Ако сакате таа повторно да ве бакне, не правете ги овие 12 нешта!

1. Лош здив и неизмиени заби – Тоа е исто како да сте ја гушнале без да се избањате по 2-часовно активно вежбање во теретана. Ништо не може да ја намали желбата за бакнеж како лошиот здив, па секогаш имајте си крај себе ментол бонбони за освежување.

2. Лижење усни непосредно пред бакнежот – Таа не е ваша вечера, така што нема потреба да ги навлажнувате усните пред бакнежот. Ако тие се суви и испукани, постојат други начини на кои можете да ги негувате – со лижењето само ќе ја влошите ситуацијата и ќе направите неа да ѝ е непријатно.

3. Потопување на усните во балсам – Повторно, ако вашите усни се суви и испукани мора да се погрижите за нив неколку дена пред да излезете со неа. „Давењето“ во крема или балсам за усни ќе направи да изгледате чудно, а бакнежот ќе има вкус што со сигурност нема да ѝ се допадне на вашата девојка.

4. Удари со јазик – Разбираме дека сте возбудени и едвај сте дочекале да ги споите вашите јазици, но страсниот бакнеж не значи борба со јазиците! Вие не сте во ринг, ниту пак се борите за својот живот така што опуштете се и уживајте во нежните бакнежи.

5. Нишанење со јазикот кон увулата – Вие ја бакнувате, не барате скриено богатство во нејзината уста. Бидете внимателни, особено ако имате долг јазик, бидејќи на тој начин можете да направите да ѝ се згади.

6. Лигавење по лицето – Плуканицата е студена и прилично гадна кога ќе излезе надвор од вашите усти, така што имајте на ум дека ако таа ја почувствува на своето лице, може веднаш да се оттргне од вас. Никој не сака лиги на својот образ.

7. Затврдување на јазикот – Бакнежите треба да бидат нежни, како еден вид галење и да побудуваат пријатни чувства, а не таа да се чувствува како да се обидувате да зашрафите шраф со вашиот јазик во нејзиното грло! Повторно ќе повториме, опуштете се…

8. Допирање на градите, задникот или вагината во истиот момент штом бакнежот започне – Освен ако таа не го иницирала овој чекор и особено ако станува збор за првите неколку состаноци, воопшто не ни помислувајте на оваа опција. Сметајте ги тие делови од нејзиното тело за забранети.

9. Широко отворање на устата – Вие не се обидувате да ја изедете нејзината глава, туку едноставно сакате да ја бакнете. Држете ја устата отворена колку и нејзината – целта е усните да ви бидат споени, не вашите да се најдат на нејзините образи.

10. Допирање со јазикот на непцата – Вашиот јазик треба да танцува околу нејзиниот, а не да допира сè наоколу. Внимавајте да не „шетате“ многу бидејќи можете да ѝ предизвикате непријатно чувство.

11. Задржување на јазикот – Иако не е пријатно да претерувате со јазикот, не е убаво ни да го задржувате само во својата уста. Така таа ќе мора да се бори за да стигне до него, а целиот бакнеж ќе делува неприродно и неубаво.

12. Бакнеж со мастика или храна во устата – Можеби би можеле да ја контролирате мастиката да не заврши во нејзината уста, иако е многу тешко, но храната ќе се измеша со заедничките течности и ќе ѝ предизвика невкусна „каша“.

Прочитајте и за овие 7 чекори до долг и незаборавен бакнеж, исполнет со многу емоции и страст!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар