Ако сакате некого, потсетувајте го секој ден
Не треба да ги чувате комплиментите за кога ќе бидете лудо вљубени. Дури и на почетокот на врската, важно е да му кажете на партнерот колку ви значи и колку се грижите за него.
Сигурно не сакате да мисли дека полека ви станува здодевно со него. Не сакате да се чувствува како да сте со него бидејќи сте направиле ветување и сега сте заглавени.
Немојте да претпоставувате дека знае дека го сакате бидејќи живеете заедно или имате дете. Потребно е да го потсетите одвреме-навреме. Потребно му е да знае дека огромната љубов кон него не исчезнала.
Не смеете да си дозволите да бидете мрзливи бидејќи ако не му кажувате колку го сакате и не го разгалувате понекогаш, ќе почне да се чувствува запоставено. Вашиот партнер ќе почне да се сомнева во вашите чувства. Токму поради ова, кога сакате некого потсетувајте го секој ден со зборови и дела.
Бакнете го. Помогнете со садовите за миење. Дајте му комплимент. Седнете близу еден до друг кога гледате нешто. Бакнете се пред да одите на работа. Наполнете го фрижидерот со неговата омилена храна. Купете му кафе на патот кон дома. Понудете му масажа. Прегрнете го. Дајте му причина да се чувствува посакувано.
За неговиот роденден купете му картичка и напишете некоја слатка порака. За време на празниците пронајдете го совршениот подарок, подарете му нешто што ќе му значи. На вашата годишнина организирајте совршен состанок кој долго ќе го паметите.
Но не чекајте само посебни прилики за да ја покажете вашата љубов. На која било ноќ запалете свеќи. Направете вечера. Држете го за рака. Играјте си со неговата коса. Дозволете му да одбере филм. Бакнете го во јавност.
Покажете ја вашата љубов со мали нешта. Носете ја блузата што ви ја купил. Исклучете го телефонот за време на состанок. Однесете го во омилениот ресторан. Објавете фотографија од вас двајцата. Дајте му го последното залче од вашиот оброк.
Се разбира, делата не се единственото важно нешто. Обрнете внимание на вашите зборови. Кажувајте како се чувствувате. Почесто кажувајте благодарам, те сакам, те ценам. Кажете му дека изгледа убаво. Дека е ваш најдобар пријател.
Кога сакате некого, потсетувајте го секој ден бидејќи заслужува да се чувствува посебно. Заслужува да чувствува дека сте среќни и дека не би го замениле за ништо.
Дознајте и како да најдете љубов што ќе трае.