Ако сакате да живеете долго, направете ги овие 5 животни промени
Иако можеби ви изгледа невозможно да се откажете од некои навики, ако сакате да живеете подолго, мора да направите неколку промени. Врз основа на истражувањата, овие промени ќе ви помогнат во тоа.
1. Движете се
Огромен број научни податоци сугерираат дека едни од најважните работи за долг живот се подвижноста и физичката активност во подоцнежниот период од животот. Не треба да трчате маратон или да одите во теретана цело време, но обидете се да бидете активни и да вежбате најмалку половина час на ден.
2. Прифатете ги предизвиците со радост
Многу луѓе мислат дека тајната на долговечноста е да избегнувате премногу работа и да бидете одморени, но според резултатите од едно истражување, тајната е во нешто друго.
Оние кои работеле напорно за да постигнат многу работи биле поздрави во староста. Да имате работа на којашто треба многу да ѝ се посветите во околина што ве поддржува, може да бидете многу здраво. Од друга страна, ако сте заглавени во непријателска атмосфера со ограничени можности да ја завршите својата работа на начин на кој сметате дека е добар, можеби е време да ја смените вашата работа.
3. Останете поврзани и одржувајте ги односите
За здрав живот, не е доволно само да ја задржите физичката кондиција, туку и да се останете активни и во социјалните аспекти на животот. Останете во контакт со членовите на семејството, правете различни работи, дружете се со пријателите и обидете се да им помагате на другите, без разлика дали на работа или преку волонтирање.
4. Размислувајте за брак
Според едно истражување, луѓето во стабилни врски и во односи што ги исполнуваат се поздрави. Кај мажите е забележан поздрав начин на однесување во долгорочен брак, додека на жените за здравје им е потребно да најдат лојален сопруг кој ќе ги почитува. Интересно е што кај жените кои биле во лоши врски и излегле од нив (без разлика дали се разведени или се вдовици) било забележано подобрување на здравјето и на расположението.
5. Бидете пријатели со здрави луѓе
Еден од најдобрите начини за одржување на здравјето и промена на вашиот животен стил е да бидете опкружени со луѓе кои се активни, здрави, позитивни и вклучени во настани. Обидете се да најдете социјални групи или луѓе што ви се допаѓаат и да започнете да се вклучувате во активности што ви се допаѓаат. Тоа ќе ги ви подобри и менталното и физичкото здравје.
Прочитајте ги и овие 10 тајни на невропсихолозите што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.