Ако сакате да се разбудите среќни, пробајте го овој трик со вашиот будилник

Ако сакате да се разбудите среќни, пробајте го овој трик со вашиот будилник

Ако сте како повеќето луѓе, сигурно користите будилник. И кога ќе ве разбуди се чувствувате како нешто да ве удрило по глава, па како зомби набрзина станувате од вашиот кревет за на крај да се сопнете од нешто на подот. Кога ќе размислите подобро, будилникот е еден од најлошите начини да го започнете вашиот ден.

ako-sakate-da-se-razbudite-srekjni-probajte-g-ovoj-trik-so-vashiot-budilnik-kafepauza.mk

Добра вест е што постои замена за традиционалниот будилник, а тоа е часовник кој симулира дневна светлина. Овој тип будилник почнува да ве буди 30-тина минути пред вашето време за станување. Започнува со слаба светлина која полека се појачува до моментот кога треба да се разбудите. Има многу здравствени придобивки од природното будење со светлина. Не само што е многу помирно, туку е и поприродно за вашето тело.

Здравствени придобивки од будењето со светлина

Светлината му кажува на вашето тело дека е време за будење. Кога ќе создадете атмосфера на изгрејсонце во вашата спална соба, ќе можете да се разбудите природно, исто како нашите предци. Едно истражување покажало дека изложување на луѓето на утринска светлина им помага да го започнат денот свежи. Друго истражување покажало дека луѓето биле посреќни кога се буделе со природна светлина.

Мелатонинот е хормон кој е одговорен за квалитетот на нашиот сон. Неговото ниво треба да биде најниско наутро. Овој хормон е чувствителен на светлина и се намалува кога ние сме изложени на неа.

Будилникот ви создава стрес

Размислете за ова, вие спиете мирно, кога наеднаш почнува гласна врева која ви го „удира“ телото. Тоа не може да биде добро. Едно истражување покажало дека со неприродно будење телото одговара со зголемен крвен притисок и забрзано чукање на срцето. Ова може да влијае на вашето расположение и на вашата концентрација. Всушност, истражувањата покажале дека може и да ве направи нестабилни и не би требало да донесувате одлуки откако ќе се разбудите во оваа состојба.

Па, зошто да не го пробате будилникот со светлина? Ќе се разбудите природно и мирно и подобро ќе ги совладате пречките во текот на денот.

Исто така прочитајте ги овие совети за подобар сон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар