Ако сакате да пронајдете некој со кој би останале засекогаш, избегнувајте да ги правите овие работи

Ако сакате да пронајдете некој со кој би останале засекогаш, избегнувајте да ги правите овие работи

Не е лесно да се пронајде некој со кој би требало да го делите остатокот од вашиот живот. Тоа треба да биде личност која секогаш ќе биде до вас, ќе ве поддржува, ќе ве разбира и ќе биде таму и во најсреќните и во најтажните моменти. Но, во реалноста тешко е да ја сретнете. Сте се запрашале ли зошто е тоа така? Покрај многуте други можности, постои веројатност вие да ја оддалечувате таа личност од себе правејќи некои работи кои не би смееле. Оваа листа има за цел да ви покаже некои од најчестите навики кои ве спречуваат да го пронајдете партнерот што навистина ви одговара…

Ако сакате да пронајдете некој со кој би останале засекогаш, избегнувајте да ги правите овие работи

1. Ве импресионира секој знак на љубезност. Можеби мислите дека некој непознат кој ви ја отворил вратата и ви покажал мал гест на внимание е прекрасна личност, но, немате целосна основа да верувате во тоа. Обидете се да не реагирате на секоја љубезна постапка.

2. Барате партнер на апликации за состанување. Да и таму постојат добри момчиња кои се обидуваат да пронајдат сериозна девојка, но, повеќето сакаат само забава. Доколку барате нешто пореално, обидете се на друг начин да договорите состаноци.

3. Му пишувате први. Ова не значи дека вие никогаш не треба да започнете разговор, но доколку вие сте тие кои седум дена во неделата пишувате први, тогаш тоа не е баш добар знак.

4. Се жалите колку не ви е добро кога сте сингл. Ако постојано си повторувате дека вие би биле подобри кога би имале некој до себе, тогаш ќе добиете нешто помалку отколку што заслужувате. Потсетете се дека подобро е да се биде сингл, отколку во лоша врска.

5. Се двоумите дали да имате сериозни разговори. Можеби од една страна не сакате да изгледате очајни и како да молите за љубовна врска, но од друга страна пак, со сериозните разговори би дознале многу работи и би се заштитиле себеси од понатамошни повредувања.

Ако сакате да пронајдете некој со кој би останале засекогаш, избегнувајте да ги правите овие работи

6. Го менувате вашиот изглед. Ако не ве сака онакви какви што сте вистински, тогаш тој едноставно не е вистинскиот за вас.

7. Се опијанувате пред да му пристапите на некое момче. Ако сте под дејство на алкохол тогаш голема е веројатноста да изберете погрешно момче. Иако можеби немате доволно храброст да го направите тоа кога сте трезни, сепак, вреди да се обидете.

8. Комуницирате виртуелно подолго време. Не би требало да поминат повеќе месеци комуницирајќи преку пораки, за да се сретнете лице в лице. Можеби виртуелно тој да звучи прекрасно, но реалноста да покаже нешто сосема друго. Затоа, закажете го вашиот прв состанок што е можно побргу!

9. Прифаќате помалку од што заслужувате. Ако не постои некоја искра помеѓу вас на првиот состанок, тогаш не трошете си го залудно времето и не одете на втор.

10. Веднаш спиете со него. Ако сакате само секс, тоа е во ред, но доколку барате сериозна љубовна врска, тогаш најпрво осигурете се дека тој сака и се труди да ве придобие.

Ако сакате да пронајдете некој со кој би останале засекогаш, избегнувајте да ги правите овие работи

11. Имате ниски очекувања. Иако повеќето сметаат дека жените имаат високи очекувања, тоа и не е баш така. Имено, во многу случаи тие се премногу ниски, а тоа треба да се смени. Запаметете дека вам ви треба момче кое вистински ќе ве сака и ќе ве почитува.

12. Секој го споредувате со вашиот бивш. Не мора да значи дека новото момче коешто сте го запознале е ист лажго како и претходниот. Иако сте биле повредени во минатото, тоа не е знак дека истото ќе се случи и во иднина.

13. Си го задржувате мислењето за себе. Не ви се допаѓа разговорот за спортот? Сметате дека изгледа смешно со капата што ја носи? Кажете му, но направете го тоа на заводлив начин.

14. Не ги гледате момчињата во вашата околина. Додека патувате со автобус кон работа или го шетате вашето милениче, погледнете наоколу!

15. Се споредувате со вашите пријатели. Можеби тие не се среќни во нивната врска како што изгледаат. И да се среќни, тоа треба да го користите како мотивација. Ако тие можеле да најдат некого, можете и вие.

16. Мислите дека засекогаш ќе бидете сами. Ако честопати си повторувате нешто, тоа ќе стане и ваша вистина. Не правете си го ова на себе. Вие заслужувате вистинска љубов и кога тогаш ќе ја пронајдете!

Ако сакате да пронајдете некој со кој би останале засекогаш, избегнувајте да ги правите овие работи


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар