Ако постојано сте изморени и чувствувате болки во целото тело, можеби ви недостасува овој витамин
Ако се будите изморени, иако спиевте доволно, тогаш на вашето тело може да му недостасува витамин што е најтешко да се добие природно, освен ако не се случи да живеете во тропска област. Витаминот Д, познат и како „витамин од сонцето“, го поддржува растот на коските, игра улога во растот на клетките, го ублажува воспалението и ги подобрува невромускулните функции.
Научниците тврдат дека витаминот Д влијае на бројни функции во човечкото тело, од ублажување на респираторни инфекции и зголемување на плодноста до намалување на ризикот од рак на дојка, па дури и ублажување на симптомите на мултипла склероза.
Нашето тело произведува витамин Д кога е изложено на сончевите УВБ зраци, но бидејќи временските услови не се секогаш во наша корист, во тоа обично уживаме само од април до октомври, може да се случи да ни недостасува овој скапоцен витамин. Луѓето со поголема телесна тежина се изложени на ризик бидејќи маснотиите го раствораат витаминот Д, како и бремените жени кои исто така се изложени на ризик затоа што бебињата ја зголемуваат нивната потреба за витамини. Како да знаете дали имате недостаток на витамин Д? Ако се сомневате дека имате проблем со недостаток на витамин Д заснован на воочени симптоми како што се постојан замор или чувство дека „ве боли целото тело“, проверете ја крвта. Најдобро време за тоа е во зима, кога нивото на витамин Д во организмот е обично најниско.
Прочитајте за овие 7 вида болка во градите што не треба да ги игнорирате.