Ако обожавате да носите капи, тогаш ова се идеалните фризури за вас!

Ако обожавате да носите капи, тогаш ова се идеалните фризури за вас!

Во зимскиот период најтешко е да пронајдете рамнотежа помеѓу убавата фризура и носењето капа. Една од најголемите женски дилеми е: „Дали да ми биде топло или да се жртвувам и да имам убава фризура?“ Но, не грижете се, денес ви ги претставуваме најдобрите фризури за носење капа. Сигурни сме дека со нив ќе изгледате фантастично во овие зимски денови.

1-ako-obozhavate-da-nosite-kapi-togash-ova-se-idealnite-frizuri-za-vas-www.kafepauza.mk_

1. Неуредна плетенка

Ова е идеална фризура за девојките кои сакаат бохо стил. Се прави брзо и лесно, а изгледа одлично ако носите зимска капа.

2-ako-obozhavate-da-nosite-kapi-togash-ova-se-idealnite-frizuri-za-vas-www.kafepauza.mk_

2. Паж со текстура

Имате паж фризура? Тогаш таа идеално ќе се вклопи со зимската капа. Сè што треба да направите е да создадете волумен и текстура за вашата коса да изгледа побујно.

3-ako-obozhavate-da-nosite-kapi-togash-ova-se-idealnite-frizuri-za-vas-www.kafepauza.mk_

3. Низок јазол

Немате многу време за средување? Оваа фризура се прави за помалку од 3 минути! Ставете ја капата на главата и направете ја оваа едноставна фризура која е позната како „јазол пунџа“.

4-ako-obozhavate-da-nosite-kapi-togash-ova-se-idealnite-frizuri-za-vas-www.kafepauza.mk_

4. Суптилни бранови

За сите оние што сакаат минимализам, оваа фризура е идеална. Дискретните бранови во косата со комбинација на капа ќе создадат онаков ефект каков што посакувате за минималистички изглед.

5-ako-obozhavate-da-nosite-kapi-togash-ova-se-idealnite-frizuri-za-vas-www.kafepauza.mk_

5. Скриена коса

Ако вашата коса е мрсна и сте немале време да ја стилизирате, а не сакате да го напуштите вашиот топол дом без капа, тогаш ова е совршеното решение за вас! Трикот се крие во хипи стилот, а целта е да ја сокриете вашата коса внатре во капата. Ефективно и лесно!

6-ako-obozhavate-da-nosite-kapi-togash-ova-se-idealnite-frizuri-za-vas-www.kafepauza.mk_

6. Рамна коса

Постојат девојки кои без разлика што ќе направат со својата коса, тие не можат долго време да ја држат стилизирана, бидејќи таа е „тврдоглаво“ рамна. Оваа коса се ускладува со кои било зимски капи, бидејќи ќе изгледате како да сте свежо фенирани.

7-ako-obozhavate-da-nosite-kapi-togash-ova-se-idealnite-frizuri-za-vas-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар