Ако не можете да одговорите со „ДА“ на овие 5 прашања, таа не е вистинската за вас

Ако не можете да одговорите со „ДА“ на овие 5 прашања, таа не е вистинската за вас

Љубовта е комплицирана. Како да откриете дали девојката со која сте моментално во врска е онаа која е вистинската за вас? Дали едноставно го знаете тоа длабоко во себе или постојат неколку прашања кои би требало да си ги поставите? Љубовта е мистериозна и најверојатно невозможна за дефинирање, па токму затоа и понекогаш може да биде комплицирано да се открие дали сте со соодветната личност. Но, сепак љубовта е природна, логичен резултат од две компатибилни души, па со помош на овие 5 едноставни прашања можете да откриете дали таа е вистинската личност за вас…

Ако не можете да одговорите со „ДА“ на овие 5 прашања, таа не вистинската за вас

1. Дали вашиот живот драстично се подобрил откако ја запознавте?

Дали сте посреќни? Дали имате попозитивно гледиште на светот? Дали проблемите ви изгледаат полесни? Дали имате повеќе добри отколку лоши денови? Ако сите овие прашања можете потврдно да ги одговорите, тогаш вие изгледа сте ја нашле вистинската девојка за вас. Би помислиле дека повеќето луѓе се обидуваат да го откријат одговорот на овие прашања пред да стапат во брак, но би се изненадиле колку луѓе остануваат во токсични врски, дозволувајќи ѝ на љубовта која ја чувствуваат да ги држи заробени. Ако девојката со која сте ве полудува без причина, тогаш таа најверојатно не е за вас.

2. Дали се смеете секој пат кога ја гледате, размислувате за неа или зборувате со неа?

Ако да, тогаш дефинитивно сте заљубени и тоа е најважниот знак. Ако се чувствувате посреќно со самата помисла дека таа постои во вашиот живот, тогаш знаете дека навистина станува збор за вистинска љубов. Ако мислите за неа ги прават вашите денови малку подобри и ако ви изгледа правилно и природно таа да е покрај вас, тогаш дефинитивно треба да направите сè што е во ваша моќ да не ја испуштите од вашите раце. Без овие чувства, вие не можете да ја создадете основата за трајна врска. Девојката со која ќе го поминете вашиот живот треба да чекори покрај вас, носејќи ви светлина во секој аспект од вашиот живот.

3. Дали можете да зборувате со часови без притоа да ви биде здодевно или непријатно?

Сексуалната страст е дефинитивно една од најважните нешта во романтичната врска, но постојат и други фактори кои треба да ги имате на ум. На пример, клучно е вашата партнерка да ве стимулира интелектуално и обратно, вие да го размрдувате нејзиниот мозок. Како што ќе стареете и вашето либидо ќе опаѓа, така сексот ќе станува помалку важен. Но, разговорот и присуството се оние нешта кои ќе ве држат заедно. Љубовта и пријателството прават секоја врска долго да трае.

4. Дали таа е секогаш тука за вас?

Клучот за наоѓањето неверојатен животен партнер е наоѓањето личност која најдобро што може ќе ја игра својата улога во вашиот живот. Дали таа е навистина ваша партнерка или пак, таа е само една личност со која во моментов патиштата ви се споиле? Дали таа е секогаш тука кога имате потреба од неа? Дали таа ве поддржува, мотивира и ви помага да останете на вистинскиот пат? Или пак, доаѓа само кога на неа ѝ одговара? Точно е дека во секоја врска луѓето треба да ги одржуваат нивните лични идентитети, но жената која повеќе преферира да има простор за себе отколку да поминува време со вас, едноставно не вреди.

5. Дали е отворена кон вас и ви дозволила да влезете во нејзиниот живот?

За некои луѓе треба повеќе време да се отворат, дури и кога станува збор за личности кои им се блиски. Но, постојат и луѓе кои никогаш нема да си дозволат да бидат ранливи. Токму со нив врската едноставно не може да се одржува. Тоа најверојатно не е ваша вина. Оние кои не можат да се отворат, длабоко во себе знаат дека тоа што го чувствуваат не е вистинска љубов. Па, што мислите, дали таа вистински ве сака? Сите ја искажуваат љубовта на уникатен начин, но ако се сомневате во нејзините емоции, тогаш најверојатно веќе го знаете и одговорот на тоа прашање, само не сакате да ја признаете реалноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар