Ако не можете да одберете среќа, одберете барем мир
Сите ние ја имаме слушнато изреката „Среќата е избор“. И ако верувате во неа, тогаш сигурно се стремите кон тоа наместо да страдате, постојано да трагате по подобри денови. Но, како што минува времето, сигурно сте се запрашале и дали постои разлика помеѓу одбирањето среќа и одбирањето да не страдате. Одговорот е ДА – постои огромна разлика меѓу овие две нешта.
Среќата значи многу различни нешта за различни луѓе, но сите би се согласиле дека таа се манифестира преку чиста радост. Кога одбираме да не страдаме, ние всушност одбираме да ја бараме радоста што сметаме дека ни недостасува или пак, дека ни е потребна во поголема количина.
Но, бидејќи не сме роботи, кога сме соочени со смрт, загуба или некое друго трауматично искуство, едноставно не можеме да си кажеме дека одбираме да бидеме среќни. Нашите тела не работат на тој начин. Кога тагата ќе надвладее над нас, едноставно мора да си дозволиме целосно да ја искусиме за да можеме да се соочиме со неа и подоцна да ја надминеме.
Во овие моменти ние не сме способни да ја одбереме среќата, но тоа што можеме да го направиме е да одбереме да не седиме во мизерија и да почнеме да работиме на себе така што ќе бараме мир. Да одберете мир значи да го прифатите тоа што се случило, да ја прифатите целата тага, неудобност и одбивање и да ги почувствувате сите овие емоции истовремено со цел да си олесните.
На кратко, понекогаш е скоро невозможно да се „одбере среќа“, но и покрај сè, ние секогаш можеме да одбереме мир. Ако се помириме со тоа што ни се случува, ќе можеме појасно да откриеме кој е следниот чекор за да се чувствуваме подобро. Понекогаш ќе биде потребно време додека повторно успеете да одберете среќа, но тоа не е важно сè додека вашата добросостојба ви е приоритет, дури и за време на најтешките моменти.
Тајната на среќата: Прочитајте ги и овие 20 мисли за поубав ден, поисполнет живот и повеќе радости и насмевки.