Ако мислите дека сте силна жена, прочитајте го ова!

Ако мислите дека сте силна жена, прочитајте го ова!

Силните жени имаат моќен дух и големо срце. Тие го бараат доброто во секоја ситуација. Трпат тешкотии и успеваат да ја научат вистинската лекција од траумата. Тие доживуваат болка во срцето, но сметаат дека дијаманти им ги затвораат дупките и им ги исцелуваат раните. Ним не им е потребен никој, но сите ги сакаат.

Ако мислите дека сте силна жена, прочитајте го ова!

Овие жени чувствуваат длабоко и покажуваат благодарност. Тие бараат рамнотежа и се обидуваат со истата сила да ги прифатат и подемите и падовите, и доброто и лошото, и болката и радоста. Низ сета своја сила откриваат што точно сакаат и прават сè што е во нивна моќ за да го добијат истото. Тие исто така и откриваат што им предизвикува болка и веднаш се справуваат со неа!

Покажуваат ранливост кога има потреба, а кога чувствуваат – цел свет го знае тоа! Тие секогаш настојуваат да бидат автентични, но и покрај тоа што ова е благослов, за нив понекогаш може да биде и проклетство, бидејќи многумина ја искористуваат нивната искреност. Тие постојано ги поддржуваат најблиските, што неретко им ја цеди енергијата.

Можат да бидат тивки, но никогаш статични. Сетете се на изреката „Тивка вода брег рони“. Тоа е умот на силните жени. Иако се тивки, постојано размислуваат како би можеле да станат подобри. Од ништо не се плашат, но сепак се кријат за да можат во мир да набљудуваат сè околу себе. А кога ќе дојде вистинското време, токму тогаш ќе се појават. За вистинските луѓе. Така стануваат најдобро чуваните тајни на светот.

Овие жени обожаваат емоционална интимност. Тие сакаат да ги споделуваат своите најдлабоки и најмрачни стравови со луѓе на кои им веруваат и од нив го очекуваат истото. Одвреме-навреме може да заборават дека не се сите луѓе како нив, па да бидат повредени, но сепак на крајот нивното размислување и однесување ги води кон вистинските личности.

Тие имаат вродена способност да ја бараат вистината, што значи дека не толерираат лаги. Креативни се и храбри, но исто така и внимателни. Не се покажуваат во вистинското светло пред секого. Ве поттикнуваат да бидете најдобри што можете, но најчесто овој акт знае да им биде погрешно проценет, па се доживуваат како негрижливи и ладни, иако сакаат само да ви го покажат вистинскиот пат.

Си поставуваат високи стандарди и не сфаќаат како другите не го прават истото. Тие се борци и тргнувањето во битка никогаш не ги загрижува бидејќи го прават тоа со љубов и благодарност за целото човештвото. Нивните високи стандарди им помагаат да ја подобрат енергијата низ целата планета.

Ги знаат своите маани и работат на нивно подобрување. Најчесто ги гледаат како скалила што ќе ги одведат до крајната цел на емотивната слобода. Имаат потреба и од простор, но не и изолација, бидејќи се сакаат онакви какви што се и ја обожаваат убавината на животот. Тие сакаат да ги искусат сите подеми и падови на животот, но не сами, туку со љубовта на својот живот.

Ако можете да се поистоветите со овие жени, не сте сами! Вие сте едни од ретките, но сте поврзани со многумина. Продолжете да бидете силни. Продолжете да бидете храбри. Светот има потреба од повеќе луѓе како вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар