Ако изгубите некого, но се најдете себеси – тоа е ваша победа!
Раскинувањата се болни затоа што се дефинираат како загуба. Загуба на нови сеќавања, потенцијална среќа и врска со некој кој го чувствувате близок. Раскинувањето е процес на тажење, во кој заздравувањето подразбира романтични филмови и праќање пораки на пијано на вашиот симпатија од средно.
Нормално е да бидете вознемирени по раскинувањето и треба да продолжите понатаму, но тоа не значи дека сите бродови мора да ви потонат. Врската пропаднала, но не и целиот свет.
На почетокот ќе искусите еден вид криза на идентитетот по раскинувањето, особено ако сте биле заедно долго време.
Треба да одлучите како ќе се справите со пријателствата кои заеднички сте ги стекнале, со скорешните одмори, заедничките цели, па дури и покани на семејни настани во некои случаи. Понекогаш раскинувањето менува буквално сѐ.
Тоа е страшно и емотивно. Меѓутоа кога ќе се прилагодите на ситуацијата и ќе научите како независно да живеете, тоа може да биде најубавото и најневеројатното искуство што ќе го доживеете.
Од сите тие љубовни цитати кои сте ги прочитале на социјалните мрежи, сигурно сте налетале на еден куп кои велат нешто во стилот на „Сѐ се случува со причина“. Понекогаш причината е што едноставно ви требала токму таа личност и тоа раскинување за повторно да се пронајдете себеси.
Кога ќе бидете подготвени да се мрднете од каучот и да излезете на сонце, обидете се да ја отфрлите идејата дека раскинувањата се поврзани со загуба. Но, ако добро одиграте и научите дека не треба да бидете во врска за да бидете среќни, тогаш ќе сфатите дека постојат толку многу работи што можете да ги добиете од болното раскинување.