Ако ги следите овие 3 правила во животот, ќе добиете сè што сте посакале!
Постојат одредени принципи, универзални правила и фундаментални вистини кои го поткрепуваат нашето постоење и владеат со нашите животи. Реалноста е дека не можете да ги контролирате исходите во вашиот живот, но сепак можете да имате влијание и придонес на истите. Некои наши постапки можат да ја зголемат можноста за нешто, но ништо не е сигурно. Па како можете да си ги зголемите шансите за остварување на сите оние нешта што сте ги замислиле?
Спознајте ги, разберете ги и препуштете им се на владејачките принципи на универзумот
Да бидете запознаени со природните закони и да ги усогласите вашите постапки со нив, ви дава многу поголема шанса за постигнување на некоја цел. Нашите тела се систем кој работи според серија од принципи. Ако не вежбате, не се храните здраво и не го посетувате редовно вашиот лекар, вие ја зголемувате шансата за рана смрт. Ако на сето ова додадете и пушење цигари, веќе двојно ги зголемувате шансите за болести и рана смрт. Разбирањето на животните принципи ви овозможува да одбирате постапки кои се насочени кон одреден исход и ви дава сила да се држите до нив. Па, еве ги трите принципи кои водат до успех.
1. Сеење и жнеење
Овој принцип е многу повеќе од познатото „Што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш“. Додека тоа верување игра голема улога, сепак му недостигаат два клучни елементи. Првото е тајмингот, а второто е работата. 20-годишен студент може да го одложува завршувањето на некој проект сè до крајниот рок. Тогаш тој или таа, ќе седи цела вечер, ќе го сработи задоцнетото и ќе добие добра оценка. Тие ги засадиле своите семиња со работење, и жетвата е добра оценка. Но што е со фармерот? Принципот е ист, но фармерот треба да ги земе предвид времето и енергијата. Не можете денес да посеете а утре да жнеете. Студентот наскоро ќе го научи тоа.
Вториот аспект од овој принцип е проблемот со потрошената енергија. Овде е вистинската заблуда со овој принцип. Студентот работел цела вечер и имал придобивка од тоа. Но, ова е исклучокот, а не правилото. Размислете за фармерот. Тој сади семе, чека, и дури потоа ја добива жетвата. Но, за навистина да ја изжнее, треба и дополнително да работи. Тој мора да отиде и физички да жнее, бидејќи во спротивно жетвата ќе скапе во полето. Ова е вистинито за повеќето работи во животот. Морате да работите и да ги посеете вистинските работи, но исто така мора и да работите за да уживате во жнеењето.
2. Влезот и излезот се совпаѓаат, но не се секогаш исти
Колку и да сте стари, вие сте свесни дека трудот што сте го вложиле во нешто не секогаш се исплаќа колку што вреди. Животот не е еднаква размена. На почетокот на секој подвиг, трудот секогаш го надминува резултатот. Но потоа бавно, спротивното почнува да се случува. Резултатите, или жетвата, почнуваат да се израмнуваат со трудот и веќе не мора да работите толку напорно. Најважното нешто што треба да го запомните е дека трудот со текот на времето се исплаќа. Морате да „инвестирате“ во работи со потенцијал и со големи шанси за подобри резултати. Трудот мора да биде насочен, со цел и постојан. Со тек на време, вашата инвестиција ќе почне да расте и да се множи.
3. Доследноста се брои
Вашата способност да бидете доследни и да останете на истиот пат игра важна улога во добивањето позитивни резултати. Многу често луѓето се изморуваат и се откажуваат прерано. Треба да научите да не се откажете. Мора да бидете доследни, бидејќи доследноста е поважна од методологијата и бара одредени жртви. Краток период на работа проследен со долг одмор го попречува вашиот напредок. Бидете доследни. Доследно штедете, доследно трошете внимателно, доследно хранете се здраво, доследно насочете ги вашето време, енергија и ресурси кон работите кои сакате да се развиваат. Бидете доследни.
Во животот ништо не е сигурно, но можете да ги свртите шансите во ваша корист. Ако сакате да дознаете повеќе начини на кои можете да постигнете сè што ќе посакате, прочитајте ги и овие 4 совети или овие 10 совети што ќе ви помогнат во вашите цели!