Ако чекате некој друг да ве направи среќни, секогаш ќе бидете тажни
Лесно е да се каже дека треба самите да ја пронајдете среќата, но многу потешко е тоа да се направи во реалноста. Кога еднаш ќе ја почувствувате среќата предизвикана од љубовта, се чини дека е невозможно да ја доживеете истата самите без ничија помош. Вистината е дека не можете.
Љубовните врски даваат привремена среќа која се случува само кога сте со некој кој навистина ви се допаѓа. Иако е минлива и неодржлива, овој вид среќа е нешто што сите го бараме. И нема ништо лошо во тоа.
Проблемот настанува кога ќе почнете да верувате дека романтичните врски се единствените извори на среќа. Тогаш ставате некоја друга личност на пиедестал и ги игнорирате знаците на предупредување, затоа што мислите дека ако сте сингл, ќе ја изгубите битката.
Но, можете да најдете среќа и кога сте сами. Тоа нема да биде онаа среќа проследена со пеперутки во стомакот и возбудливо срцебиење како кога сме заљубени, туку станува збор за среќа која е многу посилна и потрајна.
Кога ќе се ослободите од идејата дека ви треба врска за да бидете среќни, тогаш ќе направите простор за работите кои навистина ќе ве расположат кога ќе се чувствувате лошо. Наместо да имате само еден извор на среќа, зошто да немате 5, 10, па дури и 20!
И додека ги откривате сите оние мали нешта кои ве прават среќни, вие всушност ја создавате основата врз која ќе можете да ја изградите вашата вистинска врска. Го создавате вашиот идентитет и учите дека личната среќа е нешто кое само вие треба да го контролирате. Кога сте сингл, најважно е да сфатите дека можете да бидете исполнети и среќни самите со себе.
Кога ќе ја пронајдете вашата друга половина, поканете ја во вашиот живот како дополнување на вашата веќе постоечка среќа, а не како единствен извор на истата.