Афирмации што ќе ви помогнат кога барате љубов

Афирмации што ќе ви помогнат кога барате љубов

Без разлика дали сте имале низа лоши први состаноци или едвај чекате да започнете сериозна врска, барањето љубов понекогаш изгледа како работа со полно работно време. Доколку барате љубов и почнувате да се чувствувате безнадежно, овие позитивни афирмации ќе ви помогнат да си го подобрите расположението. Повторувањето на позитивните мисли може да ви помогне да добиете нова перспектива и да ве ослободи од верувањата кои се последица на скршеното срце или лошото искуство со некој потенцијален партнер. Па доколку барате љубов, секојдневно кажувајте си ги овие нешта.

Афирмации што ќе ви помогнат кога барате љубов

„Јас сум целосен/на и комплетен/на сосема сам/а. Љубовта не ме прави поисполнет/а или повреден/на.“

„Доколку нешто не функционира или доколку не уживам, во ред е да си заминам во кој било момент, поради која било причина.“

„Мојата вредност не зависи од начинот на којшто ме гледаат другите.“

„Јас сум неверојатен/на. Јас сум паметен/на. Секој би бил среќен да биде со мене.“

„Јас го контролирам мојот живот. Можам да делувам според моите чувства кога го сакам тоа.“

„Јас имам самодоверба. Јас сум моќен/на. Јас ќе ја покажам најдобрата верзија од мене.“

„Сосема во ред е да не успеам.“

„Љубовта не е линеарна. Ова е само еден чекор од моето животно патување кон созревањето и себеоткривањето.“

„Романтичната љубов не е единствениот вид љубов. Јас сум полн/а со љубов од моите пријатели, семејство, колеги и разните врски.“

„Во ред е да знам што точно сакам и да го кажам тоа кога ќе ме прашаат.“

„Не треба да знам што сакам. Дозволено ми е да се премислам.“

„Ќе бидам отворен/а и искрен/а и очекувам отвореност и искреност за возврат.“

„Состанувањето може да биде забавно. Тоа не треба да биде стресно или само за наоѓање партнер. Можам да се забавувам и да уживам во средбите со луѓе.“

„Во ред е да бидам нервозен/на и исплашен/а и никој нема да ми суди за моите чувства. Ѝ верувам на мојата интуиција и го правам она што е правилно за мене.“

„Сосема во ред е да имам стандарди и да се држам до нив. Доколку нешто не ми се допаѓа, во ред е да си заминам.“

„Сите сме несовршени, но и јас сум личност којашто можат да ја љубат. И јас заслужувам љубов и не треба да се менувам за да бидам сакан/а.“

Повторувањето на афирмациите може да биде одличен начин да го најдете вашиот центар пред да излезете надвор. Без разлика дали ќе ги запишете афирмациите или ќе ги повторувате секое утро, кога барате љубов, најдобро е да почнете со љубовта кон себе.

Погледнете и што треба да направите за да ја најдете вистинската љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар