9 знаци кои укажуваат на хормонална нерамнотежа

9 знаци кои укажуваат на хормонална нерамнотежа

Растот и развитокот на човечкото тело многу зависи од хормоните. Тие се одговорни за нашето расположение, емоции, однесување, па дури и за физичкиот изглед. Погледнете ги најчестите знаци кои укажуваат на хормонална нерамнотежа во вашето тело. Доколку забележувате некои од овие симптоми, разговарајте со вашиот лекар.

1. Акни

(1)9-znaci-koi-ukazhuvaat-na-hormonalna-neramnotezha-kafepauza.mk

Појавата на акни може да биде предизвикана од неправилна грижа на кожата, лоша исхрана, или пак кај жените може да е предизвикана од менструалниот циклус. Но, ако постојано имате проблеми со акни, голема е веројатноста да станува збор за нарушување на хормоналната рамнотежа.

2. Вишок килограми

Многу луѓе имаат проблеми со вишокот килограми. И покрај вежбањето и здравата исхрана, тие не гледаат никакви резултати. Доколку и вие спаѓате во оваа група луѓе, проблемот може да е предизвикан од вашите хормони.

3. Замор

(3)9-znaci-koi-ukazhuvaat-na-hormonalna-neramnotezha-kafepauza.mk

Хроничниот замор може да биде знак за хормонална нерамнотежа. Доколку спиете доволно, а сепак се чувствувате уморни, веројатно имате некаков проблем со хормоните. Главен „виновник“ за ова може да биде високото ниво на прогестерон.

4. Потење

(4)9-znaci-koi-ukazhuvaat-na-hormonalna-neramnotezha-kafepauza.mk

Прекумерното потење не секогаш е поврзано со хормоните. Но, добро е да се проверите доколку потењето е придружено со топли бранови.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар