9 знаци кои ќе ви укажат дека сте вистински среќни
Среќа. Нешто што сите го бараме, но се чини дека никогаш не го наоѓаме. Иако мислиме дека одредени „работи“ нè прават среќни, сепак во реалноста тоа не е така. Во продолжение прочитајте ги најчестите знаци кои ќе ви покажат дека сте среќни, дури и ако не го сфаќате тоа.
1. Живеете во сегашниот момент
Не ве мачат болните сеќавања од минатото, ниту пак се плашите од неизвесноста што се крие во иднината. Свесни сте за благословите во сегашноста и уживате во сè што имате СЕГА! Совршено добро ја разбирате вредноста на уживањето во моментот во кој живеете.
2. Вие сте искрени и вистинити
Интегритетот е еден од најсуптилните знаци на вистинска среќа. Имате силни морални принципи, постапувате чесно и се однесувате етички дури и кога никој не ве гледа. Вашите цели и начин на живот се во синхронизација со вашиот систем на верување и вредности. Кажувате и правите работи во кои верувате и не постапувате против вашиот личен морален кодекс.
3. Задоволни сте од вашата работа
Без разлика дали е природата на вашата работа, вашиот интерес и подготвеност да го направите тоа, или работната средина, парите што ги заработувате и луѓето со кои работите – вие сте задоволни од секој аспект од вашата работа и се чувствувате мотивирани да работите повеќе.
4. Благодарни сте за она што го имате
Личноста која е искрено среќна е секогаш благодарна за сите благослови што ги има во животот, без разлика дали се работи за нивната работа, врски, материјални добра, физичко и ментално здравје или среќа.
5. Уживате во малите нешта во животот
Еден од основните знаци на вистинска среќа е тоа што повеќе ги цените малите работи отколку големите достигнувања. Повеќе сте фокусирани на работите што ви носат радост и задоволство, дури и ако тие не изгледаат важни за другите.
6. Ги прифаќате промените
Вистинската среќа доаѓа од храброста да се прилагодите на промените. Не се предавате на анксиозноста и стравот што доаѓа со промената. Наместо тоа, ја прифаќате промената таква каква што е бидејќи сфаќате дека таа ќе ви донесе нови можности, а не само предизвици.
7. Ги цените здравите врски
Луѓето кои чувствуваат вистинска среќа градат здрави врски во животот и се држат настрана од токсичните. Истражувањата откриле дека квалитетот на семејните односи е клучен за нашата севкупна благосостојба во животот.
8. Ја споделувате среќата
Една од најдобрите работи што ги прават вистински среќните луѓе е да ја споделуваат среќата со другите. Разбирате дека споделувањето радост и среќа со другите ги зголемува вашите позитивни чувства. Тоа значи дека во животот постапувате со добрина и сочувство. Никогаш не се двоумите да им давате комплименти на другите, се чувствувате среќни кога другите успеваат и правите случајни дела на љубезност и добрина.
9. Знаете како да ги контролирате своите емоции
Иако можеби сте емотивни, не дозволувате вашите емоции да ви го диктираат животот. Наместо да реагирате импулсивно од вашите емоции, знаете како да паузирате, анализирате и одговорите користејќи логика и расудување. Со оглед на тоа дека знаете како да ги контролирате емоциите, полесно ви е да носите правилни одлуки дури и во најтешките ситуации.
Откако прочитавте кои се знаците кои ќе ви покажат дека сте вистински среќни, можеби ќе сакате да прочитате и цитатите на Ричард Гир за светот и среќата.
Извор: themindsjournal.com