9 знаци дека сте премногу критички настроена личност

9 знаци дека сте премногу критички настроена личност

Доколку и вие сте како повеќето луѓе во светот, сигурно се надевате дека секогаш ќе бидете најдобрата верзија од себе и ќе донесувате правилни одлуки во кои ќе бидете сигурни. Меѓутоа, честопати со овие желби доаѓа и самокритикувањето. Преголемото критикување на самите себе може многу да влијае на вашата самодоверба и да предизвика да мислите лошо за себе и за другите околу вас, а на долг рок можете да бидете спречени да уживате во она што некогаш ве правело среќни.

9 знаци дека сте премногу критички настроена личност

„Сето тоа започнува со нашите мисли. Иако можеби однадвор да не изгледаме како личност која критикува, нашите внатрешни мисли и чувства може да кажуваат многу поинаква приказна. Проблемот е тоа што обично не ги слушаме повеќето од 60.000-те мисли кои ние луѓето ги имаме секој ден. Овие ‘автоматски мисли’ може да создадат негативни чувства кои најверојатно ќе водат кон неубаво однесување“, вели психологот и говорник, Кристина Г. Хиберт.

Кој е единствениот начин да престанете да бидете премногу критички настроена личност?

„Прво, ние треба да застанеме и да забележиме што чувствуваме. Дали го критикувате изгледот на другите, зборовите или редовните постапки? Дали слушате мисли како ‘Оваа личност е премногу…’ надополнето со некој негативен збор или пак ‘Не можам да поднесам како…’? Вистината е дека, без разлика дали ќе им кажете или не, доколку имате критичко мислење, тогаш вие сте прекумерно критична личност. Добрата вест е дека со работа вие можете да престанете, да слушате, да предизвикувате и да изберете да ги смените овие критични мисли во нешто што е повеќе во согласност со она што навистина сакате да бидете“, продолжува Хиберт.

Во продолжение погледнете ги овие девет знаци кои ќе ви помогнат да сфатите дали сте личност која премногу критикува.

1. Постојано се преиспитувате себеси

Да се биде критички настроена личност не значи само да ги судите другите, туку тоа исто така вклучува и критикување на самите себе. „Дали го направив тоа на вистинскиот начин?“, „Мислам дека тоа не е вистинскиот одговор за оваа ситуација…“ Доколку овие мисли постојано ви се вртат во вашата глава, тогаш постои голема веројатност дека вие не си верувате самите на себе. Мал сомнеж во себе и во своите постапки е неопходен, но повеќе од тоа нема да ви даде ништо продуктивно. Затоа, научете да се прифатите себеси, своите постапки, чувства и мисли и тоа ќе ви овозможи да добиете поголема самодоверба. Кога ќе го дадете најдоброто од себе, што и да се случи, самокритикувањето нема да ви помогне да го смените резултатот.

2. Се држите себеси и другите настрана од вас

Вообичаено луѓето сакаат да бидат опкружени со личности кои прават да се чувствуваат добро. Но, кога сте премногу критички настроени, вие сте свој најлош непријател, а и на другите! Во такви случаи вие би ширеле негативна енергија и би ги онерасположувале другите.

3. Не уживате во ништо

Не постои начин да уживате во животот и истиот го сфаќате премногу сериозно. Наместо да се фокусирате на лошото, треба да се обидете да обрнете внимание на добрите работи кои ви се случуваат. Не треба да поминувате премногу време критикувајќи се себе или вашите најблиски дека нешто заборавиле или направиле погрешно. На овој начин никогаш не би можеле да ги забележите вистинските убави работи со кои сте опкружени.

9 знаци дека сте премногу критички настроена личност

4. Ништо не е доволно добро за вас

Да се биде премногу критички настроена личност, значи дека очекувате премногу од вашите најблиски и сакате постојано да ви угодуваат. Секако, добро е да бидете мотивирани да барате нешто повеќе и да не се задоволувате со она што сметате дека не е доволно добро за вас, но сепак, треба да поставите одредени граници, затоа што без нив, никогаш нема да бидете доволно среќни.

5. Не примате комплименти

Ако сте личност која критикува, сигурно нема да кажете „благодарам“ кога некој ќе ви даде комплимент. Но, кога нема да прифатите комплимент, вие може да бидете негативни и да покажете недостаток на самодоверба. Кога некој ќе ви даде комплимент, вам тоа ви звучи апсурдно и бесмислено. Не можете да сфатите зошто ви е доделен, затоа што премногу сте опседнати со негативните мисли.

6. Се грижите дека доколку не размислувате негативно, светот може да ви се сруши

Постојаните критики упатени кон себе нема да ви донесат ништо позитивно во животот. Напротив, тоа може само да ве спречи да бидете најдобрата верзија од себеси. Ако не сте внимателни, можете да почнете да верувате дека заслужувате негативни случувања (на пример да бидете отпуштени од работа или да раскинете со вашиот партнер) што, секако, не е вистина. Ова е единствениот начин на кој знаете да се однесувате кон себеси и тоа ве спречува да продолжите понатаму. На некој начин вие мислите дека ова ви помага да станете подобра личност, па се плашите да се откажете од оваа навика. Но, ова е погрешно, затоа што многу истражувања покажале дека кога ќе погледнете на себе со љубов и разбирање, наредниот пат ќе можете да постигнете уште подобри резултати!

9 знаци дека сте премногу критички настроена личност

7. Постојано се чувствувате иритирани

Тешко е да чувствувате среќа кога не живеете во сегашниот момент и кога постојано претпоставувате дека ќе се случи најлошото. Тоа може да влијае на многу аспекти од вашиот живот.

8. Постојано се жалите

Ако постојано сте критички настроени кон себе и кон оние околу вас, најверојатно ги искажувате своите мисли и чувства на вашето семејство и пријатели, што значи дека другите околу вас се свесни за вашиот негативен ум. Вие сте песимист кој секогаш ја гледа само негативната страна на случувањата.

9. Избегнувате да го искажете своето мислење

Во многу моменти вие помислувате дека можете да кажете нешто несоодветно за ситуацијата, дека сте здодевни или недоволно информирани за одреден разговор. Паметно е да не се однесувате како сѐ да знаете, кога реално имате многу малку информации за одредена дискусија, но доколку се однесувате исто и во друштво на луѓе кои знаат исто или помалку од вас, тогаш најверојатно сте личност која премногу критикува и сето тоа не ви дава можност за раст и успех.

9 знаци дека сте премногу критички настроена личност

Кога сте премногу критички настроени кон себе и кон другите, вие постојано сте опкружени со негативни случувања. И покрај тоа што секогаш сакате да станете подобра личност, тоа не значи дека ова е вистинскиот начин. Доколку се пронајдовте во некои од овие навики, тогаш потрудете се да ги промените што е можно побргу, со цел да живеете поисполнет и попозитивен живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар