9 знаци дека сте премногу добри кон другите
Да бидете добри во свет каде што е потребно да ја победите конкуренцијата е навистина тешко. Сепак, некои луѓе со родени со навистина добро срце и не можат а да не им помагаат на другите. Но ретко се наградени од другите со истиот третман – најчесто се искористени. Најлошо е тоа што тие понекогаш не се свесни за штетата што си ја предизвикуваат. Продолжуваат да им помагаат на другите, а другите продолжуваат да ги користат. Овие 9 знаци ќе ви покажат дека истото ви се случува и вам.
1. Не можете да одбиете никого за ништо
Ако некој би ве замолил да му го дадете бубрегот, ќе се двоумите. Но ако изгледа тажно и пушти некоја солза, веднаш ќе се согласите. Ќе ги надминете своите граници само за да направите услуга, дури и ако немате никаква корист од тоа. Ова е лошо бидејќи луѓето ќе се навикнат на тоа да прифаќате сè и ќе заборават дека и вие имате чувства.
2. Секогаш мислите на другите пред да мислите на себе
Навистина е добро да мислите за другите, но денес ова не е многу практично. Ако продолжите со ова верување луѓето постојано ќе бараат услуги од вас, ќе ве газат и нема ни да ви се заблагодарат. Светот повеќе не функционира на овој начин. Ставете се на прво место. Сакајте се. Бидете добри кон себе како што сте кон другите. Ќе бидете многу посреќни.
3. Не кажувате што мислите
Ги криете вашите чувства бидејќи ви е страв да не навредите некого. Ако најлошата личност ве праша дали е лоша личност, најверојатно ќе се обидете да најдете нешто позитивно кај неа. Не треба да ги омаловажувате другите, но понекогаш важно е да го кажете вашето мислење. Ако не го правите тоа, луѓето ќе заборават дека постоите.
4. Не знаете како да се држите настрана од некои луѓе
Ако на врата ви се појави бившиот партнер со солзи во очите, веројатно ќе го примите назад. Не знаете како да изградите ѕидови. Важно е да го обележите вашиот простор и да бидете цврсти. Луѓето мислат дека можат да побараат што било од вас, а вие ќе им дадете сè. Понекогаш ако некој премногу се плетка во вашиот живот не му велите да отстапи бидејќи ви е страв дека ќе изгледате неучтиво. Научете како да ги држите луѓето настрана.
5. Не можете да престанете со извинување
Сигурно сте се извиниле за работи кои не се ваша вина. Ако го правите ова, луѓето постојано ќе ве прават виновник. На професионално поле колегите постојано ќе ви ја префрлаат вината и нема да можете да напредувате. Не си дозволувајте да ве прегазуваат на овој начин. Извинете се само кога знаете дека вината е ваша.
6. Мислите дека сте виновни за сè
Се чувствувате како вие да сте виновни за сè што се случува. Ако некој падне, мислите дека вие сте го предизвикале тоа. Ако одбирате да се чувствувате виновно за нешта што не сте ги направиле, луѓето ќе го искористат ова во нивна предност. Престанете да се обвинувате, воопшто не е добро за вашето здравје.
7. Не можете да се спротивставите на нечие мислење
Често се согласувате со другите иако имате различно мислење. Сметате дека во спротивно ќе ги навредите или ќе ги изгубите како пријатели. Страв ви е од омраза и конфликт. Но, ако не престанете да го правите ова ќе го изгубите вашиот идентитет. Не дозволувајте да ви се случи тоа.
8. Веднаш се согласувате, а потоа ви е криво
Замислете си дека сте навистина уморни по напорна недела. Некој колега ве замолува да одите на забава после работа, а вие се согласувате. Неколку секунди подоцна се чувствувате навистина уморно и не сакате да одите на забавата. Но, откажувањето е незамисливо. Според вас едно е да ја одбиете поканата, но да се премислите отпосле е навистина ужасно. На овој начин му штетите на физичкото и менталното здравје. Престанете да се плашите од социјалното одбивање.
9. Не покажувате кога сте гневни
Другите би можеле буквално да ве запалат, а вие сепак би се насмевнале. Едноставно одбивате да го покажете гневот пред другите. Ова не значи дека не го чувствувате. За другите е невозможно да забележат дека ве повредиле. Престанете да ги потиснувате вашите емоции и да им простувате на сите. Ако некој ве навредил кажете го тоа. Што е најлошото што може да се случи? Да изгубите пријател? Престанете да се грижите за тоа.
Погледнете и за кои работи никому не му должите извинување.