9 знаци дека сте многу чувствителна личност (и зошто треба да се гордеете на тоа!)
Дали знаевте дека од 15 до 20 проценти од луѓето се многу чувствителни? Но, на многу луѓе не им е јасно што значи тоа. Нагласената чувствителност не е исто со интровертноста, иако можат да бидат поврзани. Овие личности се хиперсензитивни на различни стимули, од кофеин па сè до анксиозност и болка. Има неколку знаци кои укажуваат на многу чувствителна личност, па еве 9 од нив.
1. Вревата е хаос за овие луѓе
Овие луѓе не се способни да работат ефикасно во отворени простории бидејќи нивните сетила се преоптоварени од звуци, врева, мириси…
2. Брзо се заморуваат и потресуваат кога се преоптоварени
За нив е многу полесно да се посветат на една работа и да ја завршат квалитетно, отколку да работат повеќе одеднаш и да не направат ништо.
3. Тие знаат да бидат нервозни кога се гладни
Кога се гладни, тие можат да ги исфрлат своите фрустрации на сè и на секого. Зошто е тоа така? Затоа што тие го чувствуваат нивниот глад поинаку, на начин на кој не можете ни да замислите.
4. Тие можат да ја забележат неудобноста на другите
За нив е многу лесно да ги почувствуваат емоциите на другите, па дури и да се соживеат со нив.
5. Не сакаат да бидат набљудувани
Луѓето кои се многу чувствителни најдобро работат кога се сами. Резултатите се катастрофални кога треба да работат пред некој друг бидејќи се премногу свесни дека некој ги набљудува и тоа им попречува во работата.
6. Сакаат уметност
Овие луѓе ја ценат дисциплината и искусуваат креативна искра во нејзиниот процес.
7. Избегнуваат сè што е насилно
Од играњето насилни видео игри, па сè до гледањето филмови со насилство, тие ги избегнуваат овие активности.
8. Гласната врева прави да се чувствуваат неудобно
Без разлика дали станува збор за огномети, или некој рок концерт, тие не можат да го издржат тоа.
9. Бегаат од работи кои ги преморуваат
Овие луѓе сакат да бидат сами после напорен ден. Ова време им е потребно за да се „наполнат“ и да закрепнат. Тоа не значи дека имаат некакво нарушување, туку дека едноставно посилно ги примаат и доживуваат ситуациите околу нив.
Зошто треба да сте горди ако сте премногу чувствителна личност?
Ако припаѓате во оваа група луѓе, сигурно сте си помислиле дека сте ментално слаби, па дури и емоционално нестабилни. За жал, тоа е слика што е врежана во општеството. Најважно е да знаете дека ова е многу далеку од вистината. Всушност, да бидете премногу чувствителни укажува на тоа дека вие сте навистина внимателни, знаете да љубите и дека сте живи!
За крај, еве еден прекрасен цитат кој ќе ве потсети колку се убави и потребни овие луѓе во светот:
„Чувствителните луѓе многу често ги гледаат како слаби и оштетени. Да чувствувате поинтензивно не е знак на слабост, тоа е знак дека сте навистина живи и внимателни. Емпатот не е тој што е „расипан“, општеството е тоа што стана дисфункционално и без емоции. Нема срам во тоа да ги искажете вашите чувства. Оние што понекогаш се опишувани како „неред“ или за кои велат дека имаат премногу проблеми, тоа се оние луѓе кои даваат надеж за хуман и грижлив свет. Никогаш да не ви е срам да им дозволите на вашите солзи да заблескаат.“ – Антон Мартен
Прочитајте ги и овие 15 работи кои пречувствителните личности би сакале да ги разберете!