9 знаци дека самите си ја скратувате среќата и како да престанете да си го правите тоа
Секој од нас е добро опремен со знаење и способност за управување со сопственото физичко здравје. Сите знаеме дека нашата физичка кондиција никогаш нема да се подобри ако не правиме нешто во врска со неа и сфаќаме дека последиците заради тоа може да доведат до зголемување на телесната тежина, па дури и дебелина. Нашето емоционално здравје функционира на истиот начин. Доколку ги игнорираме нашите емоции, ги прифаќаме острите пораки кои си ги кажуваме самите на себе и дозволуваме нашите чувства да ги водат нашите одлуки без никакво утврдување зошто се чувствуваме така и тогаш добиваме емотивна тежина. Дури можеме да станеме и емоционално дебели.
Што е емоционална дебелина?
Накратко, „емоционалната дебелина“ се слоеви и слоеви на мисли, предрасуди, идеи и стравови кои ја прекриваат нашата автентичност на истиот начин како што слоевите сало може да го покријат средишниот дел на телото. Таа се создава кога ќе ги прифатиме пораките од околината без свесно испитување на вредноста на идеите за сопствениот живот. Сите ние сме го правеле тоа, дури можеби и сѐ уште го правиме: наоѓаме оправдување за работата која воопшто не ја сакаме, врската која не нѐ исполнува, а која не сакаме да ја прекинеме или одлуките кои не сакаме да ги донесеме. Си велиме на себе „Ова има смисла“, „Тоа е она што го заслужувам“, „Животот е таков“. И на овој начин доаѓа до емоционална тежина.
Постои начин да дознаете дали вашата емоционална тежина ве спречува да ја пронајдете среќата која ја сакате и заслужувате. Можете ли да се идентификувате со следниве изјави?
9 знаци на емоционална тежина
- Нешто ви пречи
- Велите: „Не можам“ или „Не би требало“, кога размислувате за она што навистина го сакате
- Тешко ви е да го побарате она што го сакате
- Тешко ви е да кажете што сакате, а да не го започнете веднаш
- Не се чувствувате силно
- Не чувствувате сигурност во животот иако многу и напорно работите
- Анксиозноста, стресот, огорченоста и бесот се составен дел од вашиот живот
- Имате чувство дека не го живеете животот онака како што сакате и како што би требало
- Имате чувство дека нешто не е во ред
Големи се шансите дека можете да се идентификувате со барем една наведена точка, но за среќа постојат одредени работи кои можете да ги направите за да ја елиминирате емоционалната тежина.
1. Пронајдете ги вашите негативни мисли
Сите ние имаме такви мисли – негативни мисли кои нè „рушат“, предрасуди заради кои се плашиме да го направиме следниот чекор и стравови кои ги поткопуваат нашите цели. Овие мисли допринесуваат за емоционалната тежина доколку честопати си ги дозволуваме. Од друга страна, постојат и позитивни, здрави мисли, оние кои нè поттикнуваат и афирмираат, ги поддржуваат нашите цели, нè приближуваат до нивното остварување и ни овозможуваат да ги надминеме сопствените стравови, додека истовремено дозволуваат и да се движиме нанапред. Што мислите, кои мисли се подобри за нашето емоционално здравје?
2. Хранете го вашиот ум подобро
Дистанцирањето од вообичаените негативни мисли започнува со свесноста. Така многу работи кои си ги кажуваме на себе се пораки за кои често не сфаќаме дека ги слушаме. Навлегуваме длабоко во нашите негативни мисли. Од каде доаѓаат тие? Потоа се запрашувате дали е тоа вистина? Дали воопшто се согласувате со некоја од тие мисли или едноставно сте навикнати на нив? На почетокот, запрашајте се: „Дали ваквото размислување ми помага и дали го прави мојот живот подобар?“ Доколку одговорот е негативен, време е да го смените таквиот начин на размислување.
3. Започнете да вежбате
Постојат многу вежби кои може да ви помогнат да ја елиминирате емоционалната тежина од животот. Поголемиот дел од нив започнуваат од свесноста. Следниот пат кога ќе ви се појават негативни мисли, обидете се да влезете во нивната срж. Обидете се да не осудувате, туку само да прифатите дека тие постојат. Потоа насочете го вниманието кон позитивните мисли. Малку по малку, овие вежби ќе станат полесни откако вашата емоционална способност ќе се подобри. И, исто како физичкото вежбање, морате редовно да вежбате за да ја забележите најголемата корист.
Самото тело понекогаш се обидува да не предупреди, а ова се физички симптоми со кои телото ни укажува на внатрешни емоционални проблеми.