9 зимски комбинации со шешири кои вреди да ги испробате
Шеширите оваа зима се особено модерни, па затоа и во бутиците можете да пронајдете многу различни модели кои се совршени! Просто сакаме да ги купиме сите бои и големини на кои ќе наидеме. Што и не е така лошо, бидејќи таа разновидност ни нуди безброј модни комбинации. Без разлика дали сакате класични шешири, капи или шубари, овие одлични модни аксесоари можете лесно да ги вклопите во вашиот секојдневен стил. Во продолжение ви оставаме неколку предлози за да ви помогнеме во оваа цел.
1. Најлесен начин за вклопување со останатите парчиња е црниот шешир, бидејќи тој одговара на сè. Ако сакате да ја освежите комбинацијата, можете да изберете црн шешир со лента во некоја друга боја или некоја откачена шарена комбинација.
2. Ако повеќе сакате усогласени комбинации или пак сакате да се истакнете, тогаш изберете шешир во црвена, сина или бела боја. На овој начин со сигурност ќе бидете забележани, додека впечатливиот шешир ќе направи да изгледате модерно и шик. Одберете ја вашата омилена боја и комбинирајте го со карирана кошула, кожна јакна или со сладок, мек џемпер.
3. Ако повеќе сакате лежерни варијанти, наместо класични шешири, изберете капи или шапки, кои одлично ќе можете да ги вклопите со фармерки или макси џемпери и капут. Урбано, но и удобно.