9 зборови што треба помалку да ги кажувате во претстојната 2017-та година

9 зборови што треба помалку да ги кажувате во претстојната 2017-та година

Некои зборови може да го изгубат нивното вистинско значење, само затоа што премногу ги употребувате во секојдневието. Исто така со употребување на некои зборови вашите изјави може да ја изгубат својата вредност или да бидат сфатени во погрешна смисла. За таа цел, погледнете кои зборови треба да ги отфрлите од вашиот речник во претстојната 2017-та година, за да звучите поубедливо и посамоуверено.

9 зборови што треба помалку да ги кажувате во претстојната 2017-та година

1. „Извини“

Овој збор веќе стана толку вообичаен што луѓето го користат дури и кога навистина не сакаат да се извинат. Затоа, во 2017-та година обидете се да го отстраните овој збор од вашиот секојдневен речник и да го користите само кога навистина ќе го мислите. Не извинувајте се што имате свое мислење!

2. „Само…“

Со тоа што ќе го додадете зборот „само“ во вашата изјава, вие автоматски ја намалувате нејзината моќ. На пример, кога ќе му кажете на вашиот партнер „Само сакав да знам каде си…“, тоа ја намалува нејзината вредност и нејзиното значење. Чувствувајте се удобно во она што го кажувате.

3. Непотребни кратенки

Мислите ли дека ќе заштедите драгоцено време ако во вашето секојдневие користите непотребни кратенки наместо цели зборови?

4. „Буквално“

Кога зборувате нешто, најверојатно тоа и го мислите. Сигурно не кажувате постојано реченици со преносно значење, па затоа и нема потреба да го користите овој збор толку често.

5. „Многу“

Наместо постојано да го користите овој збор додаден на некои описи, користете помоќни зборови. На пример, наместо да кажете дека нешто е многу убаво, кажете дека е прекрасно, волшебно, импресивно и слично.

9 зборови што треба помалку да ги кажувате во претстојната 2017-та година

6. „Го/ја сакам“

Дали ги љубите сопругот или сопругата на ист начин како што ја љубите вашата омилена чанта? Сигурно не. Па, кога зборувате за работи кои ги „сакате“, користете зборови што се посоодветни, како на пример, обожавање. Не дозволувајте оваа моќна изјава да избледи од преголема употреба.

7. „Животот ми зависи од…“

Сигурно животот не ви зависи од вашата кариера, вашиот партнер или вашите пријатели на таков начин како што ви зависи од срцето, мозокот, белите дробови и другите органи!

8. „Тој/таа/тоа ми е сѐ“

Вашиот партнер ви е сѐ. Вашето домашно милениче ви е сѐ. Вашата омилена серија ви е сѐ… Не! Не може сѐ да ви биде СЀ во животот!

9. „Имам цел да…“

Добро е да имате цел во животот, но постојаното употребување на зборот „цели“ во очите на другите луѓе делува како да имате многу работи кон кои се стремите, но сепак, многу малку се остварени. Задржете ги своите вистински цели за себе.

Подгответе се за годината што доаѓа и погледнете каков совет му е потребен на вашиот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар