9 забавни спортови со кои ќе потрошите најголем број калории

9 забавни спортови со кои ќе потрошите најголем број калории

Спортот е секогаш најдобриот начин за трошење калории, а сè поголемиот број сончеви денови кои следуваат ни овозможува да излеземе надвор од домот и да започнеме да се занимаваме со различни активности. Токму затоа и составивме список од спортовите со кои најбрзо ќе напредувате до посакуваната тежина и изглед, додека истовремено и лудо се забавувате.

1-9-sportovi-so-koi-kje-potroshite-najgolem-broj-na-kalorii-www.kafepauza.mk_

1. Велосипедизам – Зависно од брзината со која возите, можете да потрошите од 300 до 400 калории за половина час. Велосипедизмот е одлична кардио вежба која ги зајакнува бедрата и листовите.

2. Бокс – Доколку сте доволно храбри да зачекорите во рингот, ќе потрошите 324 калории за 30 минути. Освен тоа, вашата кондиција и мускулна издржливост без сомнение брзо ќе се зголеми.

3. Качување по карпа – На овој начин за половина час можете да изгубите 370 калории, но исто така и да ја зајакнете силата, издржливоста и флексибилноста.

2-9-sportovi-so-koi-kje-potroshite-najgolem-broj-na-kalorii-www.kafepauza.mk_

4. Кошарка – Константната акција која ја овозможува овој спорт значи трошење на 288 калории за половина час и неизмерна количина на забава.

5. Пливање – Се работи за одлична вежба за целото тело, со која можете потрошите до 360 калории за 30 минути. Но, поголемиот дел од луѓето не можат толку многу да издржат. Најдобар е тренингот во интервали, односно пливање во две должини, па потоа краток одмор, па повторување на рутината.

6. Тенис – Се работи за забавна игра која бара брзина, вртење, сила и рефлекси. На овој начин ќе потрошите помеѓу 250 и 300 калории за половина час.

3-9-sportovi-so-koi-kje-potroshite-najgolem-broj-na-kalorii-www.kafepauza.mk_

7. Сквош – Освен тоа што ќе потрошите 300 калории во краток временски период, со сквошот ја градите кондицијата и мускулите и ќе ја развиете флексибилноста.

8. Трчање – Освен тоа што ви помага да потрошите 450 калории за 30 минути (со одредено темпо и поминат пат) трчањето е фантастична кардио вежба. Облечете се соодветно, набавете добри патики и започнете да вежбате

9. Веслање – Со трошење на 280 калории за 30 минути, веслањето е одличен начин за да го исфрлите вишокот на енергија. Освен тоа, ја јакне издржливоста, како и градите, мускулите, рамената, бедрата и рацете.

4-9-sportovi-so-koi-kje-potroshite-najgolem-broj-na-kalorii-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар