9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

Во летниот период е навистина важно гардероберот да ви е полн со разни модерни здолништа, од кои секогаш ќе можете да одберете нешто, за секоја пригода. Носејќи го вистинското здолниште за вашето тело, можете да изгледате исклучително женствено и елегантно. Доколку сакате сите очи да бидат вперени кон вас, погледнете кои типови здолништа се „ин“ за лето 2013.

1. Здолниште со набори

Здолништата со набори, особено оние изработени од меки материјали во пастелни бои, се едни од најмодерните за ова лето. Овој тип здолниште ќе направи да изгледате многу женствено и сензуално. Можете да го комбинирате со свилена блуза или маичка и немојте да заборавите да облечете и високи потпетици, особено доколку сте пониски. Ваквото парче гардероба е прикладно и за дневна и за ноќна шема.

9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

2. Кратко здолниште

Мини-здолништата направија голем „камбек“ и се застапени на сите модни шоуа оваа сезона, и покрај тоа што може да се каже дека тие никогаш не ни излегле од мода. Тие се јавуваат во различни облици: класични, ретро, асиметрични, направени од светкави и металик материјали, со реси, дури и со пепла. Можете да ги комбинирате со поширока блуза за да постигнете контраст или доколку имате здолниште со висок струк, можете да го комбинирате со топ со должина до над папокот.

9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

3. Здолниште со ластик

Ова стилско здолниште исто така брзо стана хит на модните писти ова лето. Доколку се решите за ваков модел во повеќе бои, треба да бидете многу внимателни со изборот на блузата, бидејќи е тешко за комбинирање. Во вакво здолниште ќе се истакнете помеѓу гужвата. За да привлечете уште поголемо внимание, можете да искомбинирате црно здолниште со ластик, со неонска блуза и еден пар високи потпетици.

9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

4. Здолниште со тантела

Друго најпродавано здолниште на модните шоуа оваа сезона, се прекрасните здолништа со деликатна тантела. Можете да направите комбинација од црно здолниште со тантела и блуза широка во рамената или со рамена дотерани со панделки, врвки или ракави со монистри. Дефинитивно сите погледи ќе бидат вперени кон вас. Ваквите здолништа доаѓаат во сите облици и должини, па доколку сте во потрага по интелигентен и шик изглед, можете да изберете класично здолниште со тантела, но доколку сакате да се чувствувате кул и удобно, треба да одберете здолниште со тантела на ластик.

9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

5. Неонско здолниште

Освојте го најдречливиот тренд оваа сезона и купете си неонско здолниште. Притоа, треба да обрнете многу внимание на начинот на кој ќе го искомбинирате. Блузата треба да биде во неутрална, па дури и во црна боја. Затоа, можете да си играте со разни аксесоари кои ќе ги носите во разни прилики. Одлучете се за неколку дреч алки и крупна, доминантна огрлица.

9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

6. Миди-здолниште со висок струк

Ова лето, миди-здолништата со висок струк, се поелегантната алтернатива на основното мини-здолниште. Овој вид здолниште убаво прилега на речиси секоја фигура и можете да го носите за на работа или за вечерно излегување, а воедно да се чувствувате многу удобно. Можете да го комбинирате со краток горен дел за секси изглед или со малку поширока блуза со асиметричен раб, доколку сакате да изгледате поелегантно и сакате да ја истакнете вашата сензуалност.

9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

7. Макси-здолниште

Макси-здолништата се едни од омилените типови здолништа кај жените во текот на жешката сезона, особено во текот на летните одмори, бидејќи овозможуваат одлична удобност. Големите модни брендови како Шанел и Луј Витон, ја вратија модата на овие здолништа, експериментирајќи со различни материјали и висок струк. Ваквиот тип здолниште може да се комбинира во многу различни стилови. Можете да се одлучите за асиметрично макси-здолниште (кусо однапред, долго до земја одзади) или симетрично ретро макси-здолниште, па дури и со набори, за додатна елеганција.

9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

8. Асиметрично здолниште

Асиметричните здолништа се апсолутен хит во светот, но и во нашата држава, оваа и минатата година. Колку е поголема разликата во висината на предната и задната страна и колку се полелеави, толку подобро! Честопати се нарекувани и долго-кратки здолништа, па дури и водопад-здолништа. Комбинирајте ги со тесна блузичка вметната внатре во здолништето или со кратка маичка над папок. Не заборавајте да се накитите и со специфичен, разигран накит.

9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

9. Здолниште со пепла

Овој тип здолниште ги истакнува облините на женското тело и создава визуелен ефект дека половината ви е потенка, а бутините позаоблени. Стои добро на голем број девојки, создава една мистериозна сензуалност и може да се комбинира со различни маици, топови и блузи. Станаа тренд минатата година, а се носат и оваа сезона.

9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар