9 видови храна што ги миете погрешно

9 видови храна што ги миете погрешно

Луѓето кои се грижат за нивното здравје знаат колку е важно правилното миење на храната. Процесот изгледа навистина едноставно – треба само да го ставите продуктот под млаз вода и да го исплакнете. Но постојат и некои трикови што би било добро да ги запомните.

1. Замрзнати овошје и зеленчук

9 видови храна што ги миете погрешно

Пред да се замрзнат, овошјето и зеленчукот се измиени со вода. Поради ова многу луѓе не ги мијат замрзнатите производи пред да ги користат. Ова е во ред ако ги готвите на висока температура. Но ако ги користите сирови, подобро е темелно да ги измиете како и свежите овошје и зеленчук, за да ги отстраните сите нечистотии и бактерии.

2. Ориз

9 видови храна што ги миете погрешно

Сите видови ориз треба да се измијат 3-4 пати пред готвење, особено оризот со долго зрно. Главната опасност не е во прашината, туку во скробот што го покрива оризот. Скробот прави оризот да се згрутчи. Се препорачува на ист начин да ги миете и другите продукти со скроб, како на пример пченката.

3. Школки

9 видови храна што ги миете погрешно

Потребно е темелно да ги исчистите сите морски плодови, дури и ако се замрзнати, бидејќи можат да бидат полни со песок и нечистотии. Сигурно не сакате да користите песок како зачин.

4. Млеко и млечни производи

9 видови храна што ги миете погрешно

Се препорачува да ги измиете пакувањата млеко, јогурт и други течни производи пред да ги отворите. Илјадници раце ги допираат овие продукти секој ден. Само што ќе го отворите пакувањето, бактериите од сите луѓе што го допреле лесно можат да завршат внатре.

5. Риба

9 видови храна што ги миете погрешно

Нема потреба да ја миете свежата риба, освен ако ја јадете сирова. Високите температури ги убиваат бактериите, а ако ја миете рибата постои опасност да ги разнесете бактериите низ вашата кујна. Не заборавајте да ги измиете рацете, даската за сечење и ножот по сечењето.

6. Зелка

9 видови храна што ги миете погрешно

Без разлика за каков вид зелка станува збор, потребно е темелно да ја измиете. Ако готвите карфиол, кој всушност спаѓа во иста фамилија на зелките, потребно е да го исчистите темелно и да го поделите на делови. Ако готвите црвена или бела зелка, треба да ги отстраните горните два слоја на кои можеби има нечистотии и прашина. За да се ослободите од инсекти и бактерии, ставете ја зелката во сад со вода, додајте малку оцет и оставете ја да отстои неколку минути. Потоа исплакнете со чиста вода.

7. Пијалаци во лименка

9 видови храна што ги миете погрешно

Пијалаците во лименка се од голема помош во топлите летни денови – го одржуваат пијалакот студен, а понекогаш го прават и повкусен. Но немојте да пиете од лименка без да го измиете или барем да го избришете горниот дел. Лименките се разнесуваат во валкани камиони и ги допираат многу луѓе. Доколку сте во можност, најдобро е да пиете од чаша.

8. Марула

9 видови храна што ги миете погрешно

Сите зелени зеленчуци се вкусни и здрави. Но кога подготвувате салата со марула, не заборавајте да ја исплакнете. За да се ослободите од земјата на листовите, потребно е да ја искинете марулата и да ја оставите во сад со чиста вода неколку минути. Потоа оставете ја на крпа да се исуши.

9. Јаболка

9 видови храна што ги миете погрешно

Најздравото овошје е она коешто немало никаков посебен третман. Ако сакате да јадете јаболка во зима, треба да ги измиете. Истражувањата покажале дека ако го накиснете овошјето во сода бикарбона околу 12 минути, поголемиот дел од хемикалиите ќе паднат.

Погледнете и кои се местата во вашиот дом што треба секојдневно да ги чистите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар