9 вечерни навики што ги прават сите витки и здрави жени
Иако знаете дека сите витки дами се активни наутро и во текот на денот и внимаваат на исхраната, дали некогаш сте се запрашале како изгледа нивната вечерна рутина?
1. Негувајте ја кожата редовно
Да се биде во форма не се однесува само на една ставка, туку на целосната грижа за себе. Рутината е она што ќе ви помогне кога станува збор за вежбањето и за исхраната, како и за целокупната нега на кожата и на изгледот. Отстранете ја шминката и исчистете ја кожата откако ќе се вратите во вашиот дом. Ова е особено важно да се направи по вежбањето бидејќи вишокот пот може да влијае на вашите пори.
2. Пијте вода два часа пред спиење
Кога пиете вода пред спиење, тоа може негативно да влијае на вас и на вашиот сон поради потребата да одите во тоалет. Затоа, многу витки жени се одлучуваат за хидратација, но 2 часа пред спиење, со цел да ги искористат сите позитивни ефекти на водата, но и да ги избегнат негативните.
3. Лесна вечера
Не се сите намирници погодни за консумирање во вечерните часови, а особено не пред спиење. Но, грчкиот јогурт може да ви помогне да заспиете полесно и да го смирите гладот што многумина го чувствуваат пред спиење.
4. Пијте чаша млеко пред спиење
Иако водата може негативно да влијае врз вас, истражувањата откриле дека млекото може да ви помогне. Тоа содржи триптофан, аминокиселина што ви помага да заспиете, така што дефинитивно ќе имате корист. Ако не пиете животинско млеко, бадемовото и кокосовото млеко имаат сличен ефект.
5. Обидете се да вежбате или да прошетате навечер
Иако повеќето луѓе се утрински типови кога станува збор за вежбањето, понекогаш неколку едноставни вежби во вечерните часови може да бидат токму она што ви е потребно за да го направите последниот чекор кон вашата цел. Вежбањето навечер може да ви помогне да заспиете побрзо, а ако не сте расположени за вежбање, одете на прошетка.
6. Топлиот туш е одличен пред спиење
Истражувањата покажаа дека топлиот туш, околу 90 минути пред спиење, може да го подобри вашиот сон и да ви помогне да имате повеќе енергија следното утро.
7. Ограничете го времето што го поминувате на телефон и пред телевизор
За дополнителен одмор и општа благосостојба, важно е да не користите електрични уреди пред спиење, без разлика дали се работи за компјутер, за телевизор или за телефон. Исто така, друга причина зошто треба да го ограничите времето што го поминувате пред екранот е фактот што лошиот циклус на спиење предизвикан од влијанието на светлината од електричните уреди е поврзан со зголемувањето на телесната тежина.
8. Читајте пред спиење
Иако фитнесот најмногу може да се однесува на физичката сила, менталната сила е исто така многу важна и не треба да ја запоставувате. Читањето пред спиење може да ви послужи како релаксација и уживање без горенаведените проблеми предизвикани од прекумерно гледање во екранот на електричните уреди. Исто така, со помош на читањето, ќе ги подобрите вашата меморија и нивото на општо образование.
9. Поминете време со семејството
Научно е докажано дека поминувањето време со најблиските влијае на должината и на квалитетот на животот на човекот, како и на зајакнувањето на позитивните навики. По деловните обврски и напорниот ден, најдобро е пред спиење да се дружите со семејството.
Погледнете кои навики во исхраната ќе ви помогнат да го зачувате здравјето и без држење диети.
Vo delot za lesna vecera dpomnuvste grcki jogurt, pa Ve molam samo preveduvate ili nesto pisuvate. Ako mislite deka jogurtot ili kiseloto mleko go otkrile grcite wau, pa Ve molam ne mi gazite na intelegencijata.