9 тактики со кои луѓето ќе ве искористуваат секогаш кога ќе можат

9 тактики со кои луѓето ќе ве искористуваат секогаш кога ќе можат

Некои луѓе се многу манипулативни и се обидуваат да ве искористат на секој можен начин и секогаш кога за тоа ќе им се укаже прилика. Тие се обидуваат со разни тактики да ги „изработат“ луѓето во нивна близина за да го добијат тоа што го сакаат. Психологот Џорџ Сајмон тоа однесување го нарекува прикриена агресивност, а во својата книга „Во овча кожа“ наведува и девет тактики со кои овие луѓе манипулираат со другите.

9 тактики со кои луѓето ќе ве искористуваат секогаш кога ќе можат

1. Заведување. Играат на картата на флерт и ласкање и ја искористуваат вашата потреба од пофалби. Кога ќе сретнете некому кому му „се допаѓате“ полесно ќе се одлучите да му помогнете.

2. Лажење. Кажуваат неверојатни лаги, ја извртуваат вистината и намерно се нејасни во изразувањето. Ќе кажат што било и ќе ви протнат секаква „вистина“.

3. Одрекување. Не признаваат дека рекле или направиле нешто и дури ќе направат да се сомневате самите во себе во врска со тоа.

4. Селективно невнимание. Не ви одговараат на повиците и пораките или пак бираат на кои ќе одговорат, а на кои не.

5. Одвлекување на вниманието. Кога ќе ги прашате нешто или ќе наметнете некоја тема на разговор која ним не им одговара тие ќе ја сменат темата и ќе ви го одвлечат вниманието на нешто друго.

6. Вина. Манипулаторите обожаваат да ја користат вашата потреба да бидете добра личност и чувството на вина кое се појавува како последица на тоа. Кога се чувствувате криви за нешто ќе сакате да се искупите, а тие ќе ги соберат плодовите од вашето искупување.

7. Засрамување. Ќе се обидат да ве засрамат, ќе употребат критики, цинизам и сарказам за да направат да се почувствувате лошо и да им се потчините на нивните барања затоа што ќе верувате дека на тој начин пак ќе бидете добра личност која нема од што да се срами.

8. Изигрување жртва. Се жалат како да е крај на светот за нив. Целта е само да направат да ги сожалувате за да им го дадете она што го бараат.

9. Глумење збунетост. Се прават наудрени и глумат дека не знаат за што зборувате со цел да направат да се посомневате во чесноста на своите намери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар